Почетна / Здравје и исхрана / Компирот – извор на енергија

Компирот – извор на енергија

Поради хранливите материи, лековитите својства, како и леснотијата во комбинирањето со другата храна, компирот се подготвува на најразлични начини во сите земји на светот.

Компирот во себе има многу важни состојки: витамини, минерали, билни влакна, нема многу калории ( во 100 грама компири има само 70 калории ) и околу 15 проценти сложени јагленов хидрати. Стручњаците за храна ги препорачуваат овие јаглени хидрати, бидејќи тие за разлика од едноставните шеќери, побавно се разградуваат и побрзо доведуваат до чувството на ситост, кој подолго трае, подобро влијае на метаболизам и го снабдува телото со неопходната енергија.

Билните влакна од компирот се врзуваат со водата и така го зголемуваат волуменот на цревата. На тој начин билните влакна ја засилуваат работата на цревата и го подобруваат варењето. Јаглените хидрати од компирот се најдобри извори на енергија за организмот. Исто така, компирот има влакна кои го олеснуваат дигестивниот процес, богат е со витамин Ц и калиум кои се неопходни при големите напори на организмот. Против херпес, отворени рани, попукана кожа, мозолчиња и некои други кожни заболувања се препорачуваат облоги натопени во сок од компир.

Компирот во себе содржи лековити материи и релативно малку калории, позитивно делува против акните, алергиите, анемијата, анксиозноста, артритисот, болестите на срцето и крвните садови, главоболката, дерматитисот, депресијата …

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...