Почетна / Здравје и исхрана / Колку време треба да помине од вечерата до спиење?

Колку време треба да помине од вечерата до спиење?

Одењето на спиење веднаш после вечерата го зголемува ризикот од мозочен удар за 66%, затоа се препорачува да помине барем еден саат после вечерата. Ова е резултат од истражувањето на научниците од Медицинскиот факултет од Иониа, Грција. Научниците испитувале околу 500 особи, од кои половина од нив доживеале мозочен удар, а другата половина акутен коронарен синдром  (чест облик на срцеви болести со намален доток на крв во срцето поради запушени артерии). Испитаниците биле поделени во две групи – оние кои чекале 60 до 70 минути после вечерата, па оделе на спиење и оние кои веднаш оделе на спиење.

Во втората група луѓето имале поголеми шанси да доживеат мозочен удар, додека луѓето кои чекале меѓу 70 и 120 минути биле 76% заштитени. Освен тоа, одењето на спиење барем еден час после вечерата го намалува ризикот од акутен коронарен синдром. Една од последиците на пребрзото одење во кревет после јадење е и Рефлукс. Во лежечка позиција се влошува ситуацијата во која стомачната киселина се враќа во грлото, а долгорочните последици се оштетување на слузокожата на хранопроводникот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...