Почетна / Здравје и исхрана / Колку витамини ни се потребни

Колку витамини ни се потребни

Витамините се едни од основните состојки, кои имаат важна улога во функционирањето на организмот. Човечкиот организам не е во состојба самиот да произведува витамини, што значи дека можат да се внесуваат единствено преку исхраната. Недоволниот внес може да предизвика нарушување на метаболизмот, болести и оштетувања. Покрај добро избалансирана исхрана, треба да се земаат и дополнителни количини на витамини. При некои состојби како болести, бременост, анемија или намалена ресорпција, земање на витамински додатоци е неопходно.

Статистички податоци покажуваат дека во денешно време, една просечна личност, во европските земји консумира повеќе овошје и зеленчук, отколку пред десет години. Најголемиот дел од луѓето се всушност добро снабдени со витамините Ц и Е, како и со бетакаротенот, секој ден треба да се внесат 200 до 300 грама овошје и зеленчук, по можност темнозелена и портокалова боја. До потребната количина на витаминот најдобро се доаѓа со консумирање на растителни масла. Препораката од нутриционистот е дека за готвење и подготвување на салата, најдобро е да се користи ладно цедено маслиново масло, масло од репка, сончогледово масло или масло од пченични ркулци.

Зголемена потреба за некои витамини не зависи само од моменталната здравствена состојба, туку и од начинот на живот. Така на пример спортистите, поради зголеменото трошење на енергија и јаглени хидратите имаат зголемена потреба за витаминот Б1. Пушачите пак, имаат околу 40 проценти поголема потреба од витаминот Ц и 50 проценти поголема потреба за витаминот Е. Кај лицата, заболени од дијабетес, често е присутен недостаток од витаминот Ц и Е, како последица од оваа болест. Меѓутоа, кога со исхраната, дополнително се внесуваат и витамински препарати, потребно е да се биде внимателен. Секогаш се препорачува консултација со лекар или фармацевт, пред употреба на различните додатоци во исхраната.

Овошје и зеленчук пет пати на ден

Задолжително да се јаде по една чинија салата на ден. Салатата содржи бројни хранливи состојки.

Овошјето е идеален меѓуоброк, кога ќе се почувствувате малку гладни.

Овошјето и зеленчук треба да се јаде петпати на ден.

Изберете овошје и зеленчук со интензивни бои, бидејќи колку повеќе бои, толку е побогат витаминскиот состав.

Правила на чување и подготовка

Постојат неколку основни правила, кон кои би требало да се придржуваме при чувањето и подготовката на овошјето и зеленчукот.

Чувајте ги овошјето и зеленчукот на ладно и суво место и не премногу долго време.

Подготвувајте го овошјето и зеленчукот непосредно пред да го консумирате.

Не го ситнете овошјето и зеленчукот пред да го измиете. Гответе зеленчук во мали количини на вода. За време на готвењето не ја мешајте водата. Водата, во која се готвел зеленчукот можете да ја искористите за супа и сосови. Подготвените јадења не треба да се чуваат на топло. Соковите од овошје и зеленчук се чуваат во стаклени шишиња.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...