Почетна / Совети за здравје / Колку изложувањето на сонце е добро за вашето здравје?

Колку изложувањето на сонце е добро за вашето здравје?

За придобивките од изложувањето на сонце разговаравме со д-р Нела Деспотовска од тимот на Тримекс.

Кои се придобивките од сончањето?

Сонцето и изложувањето на сончеви зраци имаат поволно влијание на организмот и е особено важно за нашето здравје. Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор што е од значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза.
Го подига имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања (псоријаза, егзема…)
Ултравиолетовите зраци го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин) кој влијае на нашето расположение, делува против депресија, а топлината создава чувство на пријатност.
Со излагање на сонце се стимулира производството на мелатонин, хормон кој го регулира сонот, расположението и има позитивно влијание на имунитетот.

Предолгото и пречесто изложување на сончеви зраци предизвикува опекотини, сушење на кожата, појава на пеги, намален имунитет и во крајни случаи појава на карцином на кожата.

Како да се сончаат лицата со светол тен, а како со потемен тен?

Ултравиолетовото (УВ) зрачење може да биде опасно бидејќи директно не го чувствуваме но последиците од неговото дејство ги забележуваме на кожата. Постојат:

УВА – продираат подлабоко во кожата и предизвикуваат длабоки оштетувања. Тоа може да доведе до губење на еластинот и намалување на производството на колаген што за последица има појава на брчки и флеки на кожата

УВБ – делумно продираат во кожата но предизвикуваат оштетување на ДНК на клетката и појава на црвенило на кожата и изгореници.

Затоа при изложување на сонце важна е и правилната заштита од УВ зраците. Заштитниот фактор се определува во зависност од типот на кожата. За светол тен се препорачува употреба на заштитен фактор 50, додека за темнокосите е доволен заштитен фактор од 15 до 30. Притоа треба да се внимава препаратите за заштита од сонце освен што ќе не штитат и од УВ зраците треба да бидат и водоотпорни. Во почетокот излагањето на сонце треба да биде кратко а средствата за заштита од сонце треба да се нанесуваат обилно и често (особено за светол тен) и со тек на време да се зголемува времето на престој на сонце.

Заштитните кремови треба да се користат секојдневно, а при подолг престој на сонце да се нанесуваат на секои 2 часа особено после пливање, бањање и бришење со пешкир.

Кога е најдобро време да се сончаме?

Главно и основно правило е дека треба да се избегнува сончање во период од 10-16 часот.
Од количеството на темен пигмент (меланин) во вашата кожа зависи колку долго треба да останете на сонце.
Ако се работи за лица со светол тен претерано изложување на сонце може да доведе до настанување на изгореници.
Лица кои имаат повеќе бемки исто така треба да бидат многу внимателни бидејќи може да дојде до појава на црвенило и изгореници, а и промена на бемките. Затоа е важно да се заштитиме при појава на првите сончеви зраци, а со тоа ќе се заштитиме од подоцнежните негативни влијанија на Вашата кожа.

Важно е и после сончањето кожата да се нахрани со растителни масла или гелови кои ќе ја задржат влажноста и еластичноста на кожата.

Зошто Витаминот Д е важен за здравјето?

Витаминот Д е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина. Многу е важен за нашето здравје бидејќи спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските:

– Витаминот Д е одговорен за здрави коски и заби бидејќи ја регулира ресорпцијата и одржувањето на рамнотежата на калциум и фосфор
– Е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата
– Помага за побрзо зараснување на повредите на коските кај повозрасните луѓе
– Помага во контракцијата на мускулите и работата на нервите
– Спречува рахитис болест на коските кој се јавува поради недостиг на калциум
– Помага во лекување на псоријазата
– Придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем
– Го забавува напредувањето на некои видови на рак како што е миелоидната леукемија
– Помага во заштитата и лекувањето на многубројни заболувања како некои видови рак (на дојката, на простатата, на дебелото црево), мултиплекс склероза и Алцхајмеровата болест.

Кои се последиците од недостаток на витамин Д?

Витаминот Д игра важна улога во одржувањето на целокупното здравје.
Неговиот недостаток може да предизвика послаба апсорпција на калциум што води кон заболување на коските:

  • Кај децата рахитис (деформитети на коските и зглобовите)
  • Кај возрасните остеомалација (омекнување на коските) и остеопороза (намалување на густината на коскеното ткиво)
  • Исто така може да доведе до зголемена тежина, проблеми со срцето, депресија (промена на расположението), замор, сува кожа и кршлива коса, ослабување на слухот како и бавно заздравување на раните.
  • Лесен дефицит на Витамин Д се манифестира со губиток на апетит, проблеми со спиењето и дијареа.
  • Потежок дефицит на Витамин Д доведува до мускулни спазми, коските стануваат меки, болни и лесно кршливи.

Што да се конзумира за да се добие подобар тен?

 За да се избегнат негативните последици од изложувањето на сонце, потребно е кожата да се подготви и “одвнатре”преку храна богата со витамини од Б групата, А, Ц и Е како и каротеноиди кои се наоѓаат во зелениот листен зеленчук и бобинкастото овошје. Храната може и позитивно да влијае на нашиот изглед и здравје.

Постојат многу намирници од овошје и зеленчук кои треба да ги вклучиме во исхраната како би изгледале и би се чувствувале подобро:

Домат – содржи ликопен кој е силен антиоксидант кој го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено. Исто така е важен извор на Витамин А.

Боровници – содржи најголема количина на флавоноиди кои исто така го успоруваат стареењето.

Лимон, грејфрут, киви – намирници богати со витамин Ц кој помага во формирањето и синтезата на колаген. Тоа се природни антиоксиданти кои се борат против УВ зраци кои предизвикуваат сончеви пеги. Ја поправаат и зацврстуваат кожата, ги подобруваат структурните и функционалните оштетувања. Најдобро е секое утро да исцедите свеж сок од овие намирници како би ги внеле сите потребни нутриенти секојдневно.

Мешунки, јајца – овие намирници се богати со Витамини од Б групата кои го урамнотежуваат односот на есенцијални масни киселини кои се еден од најважните структурни материјали на епидермот на кожата а во исто време ја снабдуваат кожата со вода.

Моркови, лубеница, папаја, домат – содржат витамин А кој поттикнува циркулација и се бори против сушење на кожата а морковот дополнителни ги штити очите.

Магдoнос, житарици, морски плодови, лук – успоруваат растегнување и опуштање на кожата.

Млеко и млечни производи, сардини, црвена пиперка, школки – содржат калциум кој е важен за здрави и јаки коски.

Морков, тиквици, тиква – содржат бета каротен кој ја штити кожата одвнатре. Посебно е важно оваа храна да се јаде пред почетокот на летото бидејќи така кожата ја подготвуваме за изложување на сонце.

Освен храната за заштита од сонце постојат и намирници кои го јакнат имунитетот пр. говедско месо, шитаке печурки, јогурт, зелен чај кои се важен извор на полифеноли, борци против слободните радикали кои ја оштетуваат ДНК и го забрзуваат стареењто на кожата.

Најмалку 2л вода дневно да се конзумира бидејќи така кожата добива и повеќе влажност а телото се чисти.

Веројатно сакате да го задржите убавиот, исончан тен? 
Овој производ е одлично решение Вашиот бронзен тен да трае подолго.

BioAstin-от е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Тој е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНК. Служи како внатрешен додаток за убавина кој Ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. УВ зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки, сува кожа, старосни дамки и пеги.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...