Почетна / Совети за здравје / Колку долг сон му е потребен на вашето детенце?

Колку долг сон му е потребен на вашето детенце?

Се прашувате колку сон потребен му е на вашето новороденче?

Не сте единствени, многу родители се прашуваат колку часа спиење се добри за брз раст и развој на децата.
Се разбира дека децата имаат различни потреби едни од други, но во зависност од нивната возраст може да се генерализира една рамка на потребни часа сон за исполнување на нивните вистински потреби.

1. Возраст: 1 Месец – 16 часа спиење: 8 во текот на ноќта и 8 за време на денот(поделени на интервали);
2. Возраст: 3 месеци – 15 часа сон: 10 во текот на ноќта и 5 за време на денот;
3. Возраст: 6 месеци – 14 часа сон: 11 во текот на ноќта и 3 за време на денот ;
4. Возраст: 9 месеци – 14 часа сон: 11 во текот на ноќта и 3 за време на денот;
5. Возраст: 12 месеци – 13 часа сон: 11 во текот на ноќта и 2 за време на денот;
6. Возраст: 18 месеци – 13 часа сон: 11 во текот на ноќта и 2 за време на денот;
7. Возраст: 2 години – 13 часа сон: 11 во текот на ноќта и 2 за време на денот;
8. Возраст: 3 години – 12 часа сон: 10 во текот на ноќта и 2 за време на денот;

Имајте во предвид дека децата генерално имаат потреба од многу сон. Доколку навиките за спиење не се регуларни , или пак детето одбива да спие пред 11 часот , не значи и дека не му е потребен сон.

Кои се знаците дека на вашето детенце му недостасува сон ?
– Дали вашето дете заспива секој пат кога се наоѓа во автомобилот ?
– Дали се обидувате да го разбудите своето дете за јадење наутро ?
– Дали вашето детенце е постојано иритирано или изморено повеќе од вообичаено?
– Дали често има ноќи кога заспива порано од вообичаено?

Доколку вашиот одговор е ДА на било кое од претходните прашања, тоа воедно значи дека вашето детенце не спие доволно  колку што всушност е и потребно. За да го регулирате неговиот биоритам потребно е да креирате рутина за спиење и да го ”подесите” своето детенце на новиот распоред на спиење. За да креирате рутина, околу 7 часот навечер избањајте го, облечете го во пижами и прочитајте му приказна пред спиење. Ова се одлични начини на кои ќе обезбедите квалитетна рутина и мирен и убав сон за вашето дете.
Децата кои се на возраст од 5-9  години исто така имаат потреба од 11 часа сон, особено поради самите обврски кои доаѓаат и со почетокот на школото. Тинејџерите имаат потреба од 9-10 часа спиење со цел да се чувствуваат одморено.

Во која група спаѓа вашето малечко?
Извор: http://lorelli.eu/en-bg/news/how-much-sleep-does-your-baby-need-1050.html

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...