Почетна / Совети за здравје / Колку да посолиме?

Колку да посолиме?

Дали некогаш ви се случило да отворите ќесичка со чипс со намера да изедете само две парчиња, но чипсот е толку вкусен што продолжувате да јадете… само уште еден, во ред еве ова е последниот… После пет минути гледате во празна ќеса и осеќате кривица. Притоа сте и жедни, но вода баш и не ви се пие – си велите, “подобро да земам некој сок да го измијам овој јазик”.

Сте се запрашале ли зошто ова се случува? Зошто тоа не се случи кога пробавте од оној диет чипс кој има помалку масти и сол?

Веќе го знаете одговорот: баш поради тоа што има помалку масти и сол. Да се сконцентрираме овој пат на солта, а тоа зошто масната храна е повкусна, во некоја следна прилика.

Зошто сакаме сол?

Не е некоја мудрост да кажеме дека тоа е поради тоа што и дава вкус на храната. Најголемиот трик е во тоа колку повеќе ја јадеме, толку повеќе ни се јаде. После некое време рецепторите за солено на јазикот едноставно стануваат помалку осетливи.

Ако внесувате премногу сол тоа може да биде од повеќе причини: прво, тоа можеби го правите од навика. Ако ја намалите количината на сол која типично ја внесувате, рецепторите за солено ќе се навикнат и помалата количина во иста мера ќе врши стимулација.

Друга причина може да биде недостатокот на калциум. Натриумот краткорочно ја зголемува концентрацијата на калциум во крвта, и телото е прелажано дека добило калциум. Ова долгорочно резултира со уште поголема загуба на калциум во организмот, бидејќи колку повеќе натриум внесувате во организмот, толку калциумот ќе се намали. Јадете повеќе млечни производи или конзервирани сардини.

Трета причина може да биде недостатокот на калиум. Јадете банани, тиква, варени домати.

Солта е неопходна на нашиот организам

Човековото тело има потреба од сол и затоа низ еволуцијата развивме преференција спрема солената храна. 40% од солта ја прави натриумот, кој е неопходен на секоја ќелија во нашиот организам и важен е за балансот на електролитите во телото. Иако таканаречениот доктор Feelgood тврди дека солта е бела смрт, без неа сепак нема живот. Можеби сте слушнале за случаите кога луѓето умреле од премногу вода – умреле бидејќи буквално го испрале целиот натриум од телото.

Проблемот е во тоа што внесуваме повеќе сол отколку што ни е потребна. Сепак, солта не смеете целосно да ја исфрлите од употреба. Потполно отстранување на солта од исхраната може да доведе до проблеми со варењето или спиењето но и до озбилни проблеми како што е пореметување на штитната жлезда. Луѓето кои многу вежбаат треба да внесуваат повеќе сол од обичните смртници, зошто со вежбањето губат многу електролити.

Зошто солта е штетна?

Солта не е штетна толку, колку што количината која типично ја внесуваме е штетна. Колку повеќе во телото има натриум, толку повеќе нашето тело задржува вода и обратно.

Здравје

Се проценува дека ако ја намалиме количината на сол барем за една лажица од онаа која типично ја внесуваме во текот на денот, годишно би спречиле 70 000 срцеви и мозочни удари. Големата количина на сол предизвикува зголемен крвен притисок, остеопороза, како последица на излачување на калциум. Големиот внес на сол може да предизвика и дебелеење -солта нема калории и не предизвикува дебелеење, но делува на калорискиот внес во вид на засладени пијалоци, солена храна со што од премногу сол практично ќе дехидрираме.

Убавина

Поголемата количина на сол делува и на физичкиот изглед. Ја задржува водата во организмот: последица се целулитот, надуеност на лицето, акни и др. Организмот не е во можност да ги исфрли сите токсини од телото со водата која е задржана.

Колку сол ни е потребно?

Потребно ни е околу една лажичка сол дневно, иако многу луѓе јадат дупло повеќе од препорачаната доза. Сигурни сме дека нашата нација јаде исто толку, а можеби и повеќе.

Која храна има доста сол?

Месните производи, супа од ќесичка и коцки за супа, старо сирење, сушени домати, сос од соја, кисела зелка, краставици, грицки, смоки, пуканки итн. Да речеме дека чипсот со вкус на сирење, кечап, скара и слично имаат дупло повеќе сол отколку обичните.

Проблемот е во тоа што на индустриски преработените намирници обично не пишува колку сол содржат. За среќа, скоро секогаш пишува колку има натриум. Количината на натриум помножете ја со 2.5 и ќе ја добиете количината на сол. Пет грама има во една ќесичка.

Која сол да ја користите?

Проблемот со солта е всушност проблем со натриумот. И обичната и морската сол содржат иста количина на натриум и тотална е заблудата дека морската сол е поздрав. Двете имаат исто и натриум и јод. А која ќе ја изберете зависи од тоа која повеќе ја сакате. Спрема нас, солта со додаток на калиум е најдобра опција, независно дали е морска или обична.

Колку да посолуваме?

Не веруваме дка многу луѓе имаат време да рачунаат колку сол внесуваат секој ден и како тоа да биде вкупно само една лажица. Практично решение е да посолувате на половина од тоа што порано сте посолувале. Јадењето посолете го дупло помала количина на сол, а за да добие подобар вкус додадете повеќе зачини. Не ја посолувајте храната дополнително и избегнувајте солени намирници од типот переци, супи од ќесички. Вашиот организам ќе ви биде благодарен!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...