Почетна / Активен живот / КОЛЕДАРСКИОТ ОГАН СЕ ПАЛИ ВЕЧЕРВА!

КОЛЕДАРСКИОТ ОГАН СЕ ПАЛИ ВЕЧЕРВА!

Македонија е земја на празници, a Новогодишните и Божикните празници се приказна за себе. Вечерва традиционално луѓето се собираат околу коледарските огнови. Бадникарските огнови се палат низ целата држава ноќта во пресрет на Бадник. Оваа појава е многу популарна во последните години и речиси секое маало пали свој оган. Соседите се собираат околу огнот, се почнува со пред божикното славење, се кажуваат шеги, се слави со ора и песни. Вечерва покрај огнот се е посно бидејќи во тек се божиќните пости. На трпезата има риба, сарми, салати и пита. Сепак заштитен знак на ваквите собири е загреаната ракија која е совршен „еликсир“ за загревање во студените зимски вечери.

Етнолозите укажуваат дека коледарските огнови потекнуваат од паганско (безбожно) време кога се славело сонцето. Свештените лица на ова велат дека сепак се слави оној кој го создал сонцето, небото, земјата и универзумот.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...