Почетна / Рецепти / Кокосово масло за слабеење

Кокосово масло за слабеење

Кокосовото масло иако е одамна добро познато како состојка достапна впо поголемиот дел од козметчките препарати кои ги користиме постојано : кремови, гелови за туширање, путери за тело, па дури и во омилените кармини и балсами за усни одлично е и како додаток на исхраната.
Кокосовото масло ја омекнува кожата и може само по себе да се користи како путер за тело, а има одлични бенефити и на кожата на лицето, се користи за белеење на забите за омекнување на косата и на тврдата кожа на петите и подлактиците.

Со кокосовото масло може да се подготвуваат десерти, да се пече, пржи и да се заменува путер.
Кога напоменуваме слабеење со кокосово масло можеби звучи малку неверојатно затоа што сепак станува збор за масло, меѓутоа оваа магична природна состојка е вистинска оаза за вашето здравје со бројни намени кои може да се применат и при намалување на вишокот на килограми.

1. Метод
Секое утро по будење и пред спиење во период од минимум 30 дена пијте чаша топла вода со лажичка свежо исцеден лимон и 1 лажица кокосово масло.

2 Метод
Доколку лимонот му смета на вашиот желудник тогаш испробајте го методот број 2.
Вашиот топол зелен чај ”засладете го” со мала лажичка кокосово масло. Консумирајте наутро, нба ручек и пред спиење по една шолја.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...