Почетна / Здравје и исхрана / Која количина треба детето да ја јаде?

Која количина треба детето да ја јаде?

Колку детето јаде зависи од тоа колку вие му давате. Ако на детето му сервирате поголеми порции – повеќе и ќе изеде. Ако му дозволите на детето смо да се послужи тоа ќе земе онолку колку што одговара на неговара возраст и величина.

Кога на детето му сервирате дупла количина на храна, во однос на неговата соодветна количина според возраст тоа ќе изеде 25% повеќе храна, додека пак енергијата ќе му се зголеми за 15%. Се зголему величината на залагот на детето.

Со други зборови, секој пат кога детето ќе земе залак тоа става повеќе храна во устата. Бројот на залаци останува ист за иста возраст. Кога детето само ќе ја одреди величината на својата порција, сигурно ќе изеде 25 % помалку отколку кога вие сте му сервирале поголема порција.

Кај децата со предшколска возраст ако внесот на храна бил зголемен, тогаш како резултат и во иднина ќе јадат пообилни порции, или повеќе отколку што им е потребно што доведува до дебелеење. Најдобро е да му дозволите на детето само да избере колку ќе јаде бидејќи така ќе изеде онолку храна колку што му е потребно.

Избегнувајте на вашето дете да му давате премногу храна. Ако  детето е сеуште гладно, секогаш ќе побара додаток.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...