Почетна / Совети за здравје / Која храна најчесто предизвикува алергиска реакција?

Која храна најчесто предизвикува алергиска реакција?

Алергиски реакции се појавуваат најчесто во првите години од животот. Иако алергијата може да ја предизвикаат скоро сите намирници, главни кривци се млекото, јаткастите плодови, јајцата и школките.

Непосакуваните реакции од храната може да се поделат во две основни групи: токсични и нетоксични. Токсична реакција се јавува кај секого што изел одредена количина на храна заразена со бактерии или токсини. Нетоксични реакции се јавуваат кај преосетливи особи, а можат да бидат алергиски и неалергиски.

Иако можете да бидете алергични скоро на секоја храна, 90 %  од децата се алергични на овие производи:

  • Кравјо млеко
  • Јајца
  • Кикиритки
  • Производи од соја
  • Јаткасти плодови
  • Пченица
  • Риба, школки, рак

Како се манифестира алергиската реакција од храна?

Симптомите на алергија од храна се чешање, иритација, блага отеченост на устата,  јазикот и грлото. Уште некои од симптомите се: грчеви, мачнини, повраќање и пролив. Кај мал број луѓе (1 или 2%)  може да дојде до анафилактички шок.

Орален синдром на алергија

овој синдром се јавува кај 5% од луѓето кои патат од сезонски алергии. Ако сте алергични на полен, реакција може да се јави во случај на јадење киви, моркови, компир или целер.

Во кој период се јавуваат алергиските реакции од храна?

Алергиите се јавуваат најчесто во првите години од животот. Во развиените земји тоа е бројка од 8 до 28% кај деца, додека алергиите кај возрасни се значително поретки.

Најважна терапија  е диетата

На болните луѓе кои се алергични на одредена врста храна им се препорачува диета односно избегнување на тие намирници. Битно е овие луѓе да се насочат каква храна да јадат и во колкави количини.
Ако се симптомите толку јаки што ви оневозможуваат нормален живот, задолжително посетете го вашиот лекар и подложете се на алергиски тестови. Резултатите кои ќе ги добиете ќе му помогнат на лекарот да ја одреди најдобрата терапија за вас.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...