Почетна / Фитнес и аеробик / Која е разликата помеѓу аеробно и анаеробно вежбање?

Која е разликата помеѓу аеробно и анаеробно вежбање?

Аеробното вежбање е секоја физичка активност која овозможува доволно присуство на кислород во сите мускули и во секој дел од телото за време на вежбањето.

Во зависност од возраста, полот, физичката подготвеност или фазата на заболувањето, физичката активност треба да се одвива во пулс од 60 до 120 отчукување на срцето во минута. Што значи штом ќе почувствувате било каков недостиг на воздух зад градната коска, треба да престанете со активноста и следниот пат да вежбате со помалку оптоварување. Старото правило гласи дека човекот на грешките се учи, но тука треба да додадете дека се учите на грешките штом ќе ги забележите. Во аеробниот систем, јаглените хидрати и мастите се користат како извор на енергија, а благодарение на доволното количество на кислород се разградуваат се до безопасен јаглено-диоксид и вода. Затоа овој тип на вежбање може да трае и подолго.

Што е физичка кондиција или ареобни капацитет?

Тоа е моќта на срцето, крвните садови, белите дробови и мускулите во физичката активност. Со аеробното вежбање ја подобрувате физичката кондиција и на тој начин автоматски се подобрува функционирањето на организмот, така што нашето тело со пониска фреквенција на срцето сега постигнува повеќе и станува повеќе ефикасно.

Анаеробно вежбање?

За разлика од аеробното вежбање, кај анаеробното вежбање како извор на енергија се користи само гликозата, а при недостигот на кислород таа се метаболизира само до млечната киселина. Овој тип на вежбање по правило трае кратко (брзото трчање, нуркање).

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...