Почетна / Совети за здравје / Кои се бенефитите на асертивното однесување?

Кои се бенефитите на асертивното однесување?

”Што вреди што сум јас асертивен, кога другиот со кого комуницирам не е?”
Една од најголемите лекции за асертивност е онаа кога соговорникот забележува дека се однесуваме асертивно за себе а не поради тоа како другата личност ќе реагира на нашето однесување.
Ова е лекција за преземање на одговорност. Да се преземе одговорност за сопственото однесување е всушност уште една лекција за одговорност. Кога преземаме одговорност тоа значи дека признаваме дека нашето однесување е наш избор – преземаме одговорност за сопственото однесување и себе си си даваме слобода за избор.

”Тоа е моја одлука и јас стојам позади својата одлука без разлика што и да се случи како последица (ќе прифатам одговорност за своите одлуки без разлика дали резултатот ми се допаѓа или не).” 

Прифаќањето на последиците значи дека препознаваме дека и другите имаат право да реагираат на начин на кој им одговара а не на начин на кој ние сакаме тоа да го прават.

На пример, доколку бараме нешто од другите, тие имаат право да не одбијат, доколку ние одбиеме некого (им кажеме не), тој некој може да се разочара во нас но и не мора, затоа што има право да реагира на свој начин и по својата логика не по нашата.

Тука доаѓаат до израз дел од уважувањата на другиот затоа што како што е Ок да се заложиме за себе, така и сосема е  Ок и на другите да не им се допаѓа нашата реакција. Многу е важно соговорникот да добие јасна порака дека другите може да имаат контрола само над своето однесување, а не врз однесувањето на другите луѓе. Ова е доста значајно за увид на оние кои не умеат да разликуваат состојби како асертивно и агресивно. Тука станува збор за личности кои немаат проблем да се заложат за себе, сигурни се во комуникацијата, но склони се кон етикетирање, вреднување, окривување на сите оние кои не се согласуваат со нивното однесуваање по нивните мерила.

”Тогаш која е користа од асертивното реагирање? Зошто да се ”бламирам” доколку може другите да ме одбијат или критикуваат? ”

Како прво, доколку побараме нешто, поголеми се шансите дека и тоа ќе го добиеме пред тоа спонтано само по себе да се случи доколку потајно го посакуваме. Второ, во многу случаи ќе го скратиме времето на неизвесност и изгубена енергија. Конечно доколку некој не одбие ќе знаеме на што сме и ќе продолжиме понатаму.

Доколку на пример барате од вашиот цимер или сопруг да направите поделба на задолженијата околу домот а со тоа и да го намалите малку и својот дел од обврските, поголеми се шансите тоа да се оствари доколку направите листа со поделба на задачите наместо да чекате пасивно тоа само да се случи од себе.
Доколку ова пасивно однесување долго трае големи се шансите дека ќе почнеме да развиваме незадоволство, фрустрираност, лутина и бес, а притоа и агресивно или пасивно-агресивно однесување спрема лицето/лицата.

Веруваме дека на секој од вас му се случило во одредена прилика да сака нешто да каже (на состанок, на предавање, во друштво, или да искаже наклоност кон другата личност но не изреагирал). Најчесто по ова следи непријатно чувство и неадекватно префрлување на вина (Зошто ништо не реков?) Во партнерските односи на пример, доколку забележиме промена во однесувањето на партнерот, доколку забележиме дека ни обрнува помало внимание од порано, дека различно реагира од претходно, дека прави или изговара нешта кои не повредуваат, колку повеќе го одлагаме разговорот од претпазливост или пак страв од соочување со нештата кои би можеле да ги чуеме од партнерот, кај нас се зголемува вознемиреноста, лошото расположение, расеаноста, која покрај типичниот пасивен одговор може да ескалира во афективна реакција или во пасивно -агресивно играње на игри (кои на крајот ќе резултираат некој или двата од партнерите да бидат повредени).
Кога чувствуваме страв да прашуваме, слободно да се изразиме, да се заложиме за себе или да решаваме одредени проблеми претставува доминантен начин на однесување кој води до пад во самодовербата и самопочитта на личноста , до намалување на квалитетот на животот, а во некои случаи и до развој на анксиозни и депресивни симптоми.
Асертивен тренинг како средство за личен раст и развој

Тренингот за асертивност се однесува на обука за препознавање на различните стилови на комуникација кај себе и кај другите, со акцент добро да разберат што е асертивност а што не е. вториот значаен аспект на тренингот е е да им помогне на присутните да ги преминат своите внатрешни бариери преку асертивен начин на однесување и притоа редуцирајќи ги когнитивните и афективните препреки (преголемите барања од себе и од другите , грешки во мислењето и емоционални реакции).

Во текот на асертивниот тренинг учесниците развиваат конкретни вештини:

  • како најдобро да формулираат вербална порака;
  • како да ги ускладат нивоата на вербални и невербални пораки;
  • како да препознаат манипулација;
  • како да одговорат на манипулација;
  • како асертивно да упатат критика;
  • како асертивно да примаат критика;
  • како да упатат и да примат пофалба;
  • како да ги користат техниките за асертивност во конфликтни ситуации итн.Тренингот се изведува најчесто во форма на групна работа низ програм составен од неколку чекори.
    Иако произлегол од искуствата од клиничката пракса, асертивниот тренинг е наменет за сите кои сакаат да работат на својот личен раст и развој. Присутните од сосема нова перспектива и на нов начин започнуваат да ги гледаат нештата на кои дотогаш се навикнале, и воедно стекнуваат и  конкретни техники со чија помош можат да ги унапредат своите комуникациски вештини.

    Подобрете ги своите вештини за асертивност во психолошкото советувалиште Петар Пан
    Повеќе информации за тренингот, како и дополнителните услуги кои ги нуди советувалиштето и едукативниот центар погледнете на:
    www.petarpan.mk

 

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...