Почетна / Активен живот / Кога нашето тело би се прашувало, еве како ќе изгледа еден ден…

Кога нашето тело би се прашувало, еве како ќе изгледа еден ден…

Вака би изгледал совршениот ден кога вашето тело би се прашувало, без разлика на обврските и навиките.

6.30

Кога ќе се разбудите, доаѓа до кратко, но нагло скокање на пулсот и крвниот притисок и поради тоа вашите когнитивни способности се еднакви на оние како кога сте под дејство на алкохол. Оваа состојба обично трае околу 10 минути. Меѓутоа може да се случи да потрае дури и два часа после будење.

7.00

Време да воспоставите баланс. Раните утрински часови се одлични за јога или пилатес, така телото ќе може лесно да се раздвижи.

7.30

Повеќето луѓе имаат секс околу 11 на вечер, а стручњаците кажуваат дека најдобро време за секс е рано наутро, кога нивото на тестостерон во крвта е најголемо (нивото почнува да опаѓа околу 8 часот), а со самото тоа и задоволството за време на сексот.

8.00

Ова е идеално време за бричење или депилирање на нозете, зошто тогаш нивото на тромбоцити кои се задолжени за згрутчување на крвта највисоки, па така можете да спречите посекотини.


ОД 10 до 11.00

Имате важен разговор за работа? Учите за испит? Повеќето луѓе најголемата концентрација ја имаат 2 до 4 часа после будење, така да предпладне е идеално време за учење или состаноци на кои треба да се претставите во најдобро светло.

12.00

Ово е вистински момент да изедете некој сендвич или овошје. Тогаш на вашето тело му е потребна дополнителна енергија.

Од 13 до 14.30

Обично ова е време кога концентрацијата ни опаѓа, стануваме по малку заборавени и помалку продуктивни. Реакциите и когнитивното размислување се успоруваат како после пар чаши испиено пиво. Петнаесет минути дремка е најдобро решение да ги наполните батериите и да ја обновите продуктивноста. Но, све преку петнаесет минути може да ја зголеми поспаноста и мрзеливоста.

15.30

Закажете посета на заболекар. Истражувањата покажале дека тогаш болката во устата е најмала.

16.00

Раното попладне и приквечерните часови се идеални за оптимално искористување на енергијата за време на спортски активности. Перцепцијата на умор е мала, силата на мускулите е најголема, а зглобовите се најфлексибилни. Ова е вистинско време за тениски меч или некој сличен спорт.

Од 17 до 18.00

Постојат причини поради кои ова се нарекува “happy hour”. Во оваа доба дробовите се најефикасни при детоксикација на алкохол.

19.00

Правец в теретана! Вежбањето во теретана во ова време може да ви помогне да ги изградите мускулите дури за 20% повеќе отколку ако вежбате наутро. Тоа е така зошто на крајот од денот полесно дишете, срцето поефикасно функционира и рефлексите се побрзи. Ова ги потврдува и податоците дека повеќето спортски рекорди се поставени измеѓу 15 и 20 часот.

20.00

Поминете ја вечерта во друшто на дечко или пријатели. Во овој период од денот луѓето многу полесно се справуваат со стресот, имаат појак имунитет и мозокот побрзо им функционира.

Од 1.00 до 4.00

Сообраќајните незгодипредизвикани од умор најчесто се случуваат во овој период. Затоа е најдобро ова време да го користите за одмор и сон.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...