Почетна / Совети за здравје / Книга на” рецепт”

Книга на” рецепт”

Книгата е наш најдобар пријател, кажува една стара поговорка, а психолозите додаваат и лек за душа бидејќи може да ја намали и сосема да ја излечи депресијата, болести на зависност, ментални пореметувања и емоционални проблеми. Психијатрите на пациентите кои боледуваат од помали психолошки пореметувања наместо лекови им препишуваат книги за кои се верува дека имаат позитивно терапевтско дејство. Нов третман, наречен библиотерапија, наводно ефикасно лекува помали облици на анксиозност и депресија, стрес, булумија, несоница и брачни проблеми. Библиотерапија како вид на терапија посебно добро делува за деца кои патат од сериозни заболувања, емоционални проблеми, со насилство во семејството, но и на малите деца кои имаат тешкотии во учењето, со прифаќање на авторитет и со создавање на пријателство.

За побрзо закрепнување – Според научните истражувања направени во време на Втората светска војна, научниците докажаа дека ранетите војници, кои читаа книги за да го скратат времето, многу побрзо  и поуспешно закрепнувале за разлика од оние кои не сакаа да бидат во друштво на книгата. Тогаш е утврдено дека книжевните дела имаат многу силно дејство на читателот, дури и посилни од голем број на медикаменти, а психијатрите пронајдоа пат како тоа да го насочат кон основната цел на терапијата – закрепнување. Богатото искуство кое се стекнува уживајќи во ликовите побудуваат многу силни емоции, ја поттикнуваат мечта и ги проширува видиците, односно ја движи нашата ментална граница со која сме ограничени поради незнаењето, предрасудите, влијание на околината.

Начин на лекување

Библиотерапија може да се применува во индивидуална или во групна терапија, а се покажа подеднакво успешна кај сите луѓе, бидејќи никој не е имун на книги. Овој начин на лекување се манифестира низ неколку клучни фази.

Проекција – во оваа фаза доаѓа до преиспитување на животните и моралните начела и споредување на нашите начела со оние кои ги имаат ликовите од книгите. Додека читаме навлегуваме во карактерите, и несвесно ги корегираме или од корен менуваме нашите ставови а притоа за тоа и не сме свесни, пронајдуваме алтернативни решенија на проблеми кои нè мачат или ги разрешуваме дилемите.

Катарза – Навлегувајќи во ликовите со кои се сретнуваме во книгата, потсвесно се сочувствуваме и како фабулата оди понатаму, доживуваме големо емоционално растеретување. Читајќи ги книгите, со целото битие преживуваме исто како и главите јунаци, но сепак сме заштитени од реалната болка и свесни сме дека тоа не се случува кај нас туку кај некој друг.

Доза на “пишаните лекарства”

Без разлика на тоа на која возраст сме, од време на време би требало да земеме “доза на пишаните лекарства” бидејќи ќе ни помогнат полесно да излеземе на крај со стресот и напнатоста кои ги носи динамичниот живот. На списокот на лековитите книги се наоѓаат на десетини илјади книги наменети за деца и возрасни, а на терапевтите е да одредат кои се тие што директно ќе влијаат на причината на проблемот.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...