Почетна / Совети за здравје / Кламидија инфекции кај жени и мажи

Кламидија инфекции кај жени и мажи

На оваа тема пишува Прим. Др Мирослав Спасовски дерматовенеролог во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Chlamydia е најчеста сексуално пренослива инфекција (СПИ) предизвикана од бактеријата, Chlamydia trachomatis, која може да ги оштети репродуктивните органи на жената. Најчесто симптомите од Chlamydia инфекцијата се благи или отсатни, сериозните компликации предизвикуваат тешки ошетувања, вклучувајќи го инфертилитетот, кој може да се случи “тихо” пред да се препознае проблемот кај жената. Chlamydia инфекцијата кај мажот мозе да предизвика исцедок од уртрахалниот канал со различен интензитет.

Колку е честа Chlamydia инфекцијата?

Chlamydia е најчестата бактериска сексуална пренослива болест во САД. Се проценува дека над 2.000.000 индивидуи во САД, на возраст од 14-39 години  се инфицирани со Chlamydia.

klamidija

Како се добива Chlamydia инфекцијата?

Chlamydia инфекција се пренесува за време на вагинален, анален или орален секс. Chlamydiaта може да помине од инфицирана мајка на нејзиното дете за време на вагиналното породување. Секоја сексуално активна индивидуа може да биде инфицирана со Кламидија. Поголемиот број на сексуални партнери го зголемува ризикот од инфекција. Цервиксот (влезна врата на утерусот) кај тинејџерките и младите жени е некомплетно зрел и одтаму многу понеотпорен кон инфекцијата, заради што тие се со најголем ризик да добијат инфекција ако се сексуално активни. Бидејќи Chlamydia инфекција може да се пренесе со орален или анален секс, хомосексуалните сексуални односи исто така се ризик група.

Кои се симптоми на Chlamydia инфекција?

Кламидија инфекција е позната како “тиха” бидејќи околу  половина од инфицираните жени И мажи немаат симптоми. Ако се појават симптоми, тие се појавуваат во интервал од 1 до 3 недели од сексуалниот чин.

Кај жените, бактеријата иницијално го инфицира цервиксот И уретхрата (уринарниот канал). Жените најчесто пројавуваат зголемен вагинален исцедок или чувство на печење за време на уринирање. Кога инфекцијата ќе се рашири од цервиксот до фаллопиевите туби (канали што ги носат оплодените јајца од овариумите до утерусот), некои жени сеуште немаат знаци или симптоми, други пак чувствуваат болка во долниот абдомен, наусеа, треска, болка за време на сексуалниот чин, или крварење помеѓу менструалните циклуси. Chlamydiaлната инфекција од цервиксот може да се прошири И на ректумот.

Мажите со знаци или симптоми може да имаат исцедок од пенисот или чувство на печње за време на уринирањето. Болка и оток на тестисите се поретки симптоми.

Мажи или жени кои практикуваат анален секс може да добијат Chlamydia инфекција на ректумот, што предизвикува ректална болка, исцедок, или крварење. Chlamydia може да биде изолирана и во брис од грлата на жени и мажи, кои имале орален секс со инфицирани партнери.

Кои се компликациите од нетретирани Chlamydia инфекции?

Ако не се третираат, Chlamydia инфекциите може да предизвикаат сериозни репродуктивни и други здравствени проблеми со последици од краткорочен и долгорочен карактер. Слично како и самата инфекција, оштетувањето од Chlamydia е најчесто “тихо”, асимптоматски.

Кај жените, нетретираната инфекција може да се прошири кон утерусот или фалопиевите туби и предизвикува пелвична инфламаторна болест (ПИД). Ова се случува во повеќе од 40 проценти од жените со нетретирана Chlamydia инфекција. ПИД може да предизвика трајно оштетување на фаллопиевите туби, утерусот и соседните ткивни формации. Оштетувањето може да води кон хронична пелвична болка, инфертилитет и потенцијално фатална ецтопична бременост (бременост вон од утерусот). Жените инфицирани со Chlamydia се со поголем ризик да бидат инфицирани со ХИВ, ако се експозирани. За да се превенираат сериозните последици од инфекцијата, скрининг од годишен карактер за Chlamydia е препорачлив за сите жени кои се сексуално активни на возраст од 30 години или помлади. Годишен скрининг тест се препорачува и за постари жени  со ризик фактори за Chlamydia trachomatis (нов сексуален партнер или повеќе сексуални партнери). Сите бремени жени треба да прават скрининг тест за Chlamydia trachomatis.

Компликациите кај мажите се ретки. Инфекцијата понекогаш се пропагира кон каналот кој ја спроведува спермата од тестисот, предизвикувајќи болка, треска и ретко стерилитет.

Гениталните Chlamydia инфекција може да предизвикаат артхритис, пропратен со лезии на кожата и инфламација на окото и уретхрата.

Дали Chlamydia ја афектира бремената жена и нејзиното дете?

Кај бремените жени, постои евиденција дека нетретираните Chlamydiaлни инфекции може да доведат до прерано породување. Бебињата кои се родени од инфицирани мајки може да добијат Chlamydia инфекции на очите И респираторниот тракт. Chlamydia е водечки фактор за појава на пнеумониа И конјунктивитис кај новороденчиња.

Како се дијагностицира Chlamydia?

Постојат лабораториски тестови за дијагостицирање на Chlamydia. Некои тестови користат урина или брисеви кои колектираат материал од цервикалниот или уретхралниот канал.

Како се третира Chlamydia инфекцијата?

Chlamydia се третира и лекува со антибиотици. Единечна доза на антибиотици за време од една недела се најчесто применувани терапевтски режими. Сите сексуални партнери треба да се евалуираат, тестираат и третираат. Индивидуи со Chlamydia  треба да апстинираат од сексуални односи, се додека тие и нивните сексуални партнери го комплетираат третманот.

Жените чии секс партнери не биле прописно третирани се со висок ризик за реинфекција. Повеќекратни Chlamydia инфекции го зголемуваат кај жените ризикот за сериозни  компликации, вклучувајќи го инфертилитетот. Ретестирањето треба да биде извршено во интервал на три месеци по третманот за Chlamydia.

Која е превенцијата за Chlamydia инфекција?

Најсигурен пат да се избегне трансмисијата на СТИ е да се абстинира од сексуален контакт, или во подолг временски период да се биде во моногамична сексуална врска со партнер кој е тестиран. Кондомите кога се користат постојано и коректно може да го намалат ризикот од трнсмисија на Chlamydia инфекцијата.

Секој генитален симптом како невообичаено црвенило, појава на исцедок со миризба, печење при мокрење или крварење меѓу менструалните циклуси може да се поврзани со СТИ. Ако жена има некој од овие симптоми, таа треба да престане со сексуални активности и веднаш да побара консултација кај лекар. Навременото тестирање за СТИ мже рано да превенира од ПИД. Жени на кои им е кажано дека имале СТИ и биле соодветно третирани, треба да ги информираат новите сексуални партнери за да истите бидат евалуирани за СТИ.

Прим. Д-р Мирослав Спасовски

Специјалист дерматовенеролог

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...