Почетна / Здравје и исхрана / Киселата зелка – природен извор на витамин Ц во зимските денови

Киселата зелка – природен извор на витамин Ц во зимските денови

Зелката е зимскиот извор на високо вредни, хранливи и лековити состојки, посебно на витаминот  Ц. За киселата зелка знаеја уште и Римјаните, кои зелката ја конзервирале со помош на сол и оцет во глинените садови. Меѓутоа, Словените први почнале да ја киселат зелката на начинот кој се подготвува и ден денес. Како зелката би станала вреден извор на хранливи и лековити состојки при нејзиното киселење мора да се развијат бактерии на млечното вриење и габички од квасецот кои ја потиснуваат мувлата и штетните бактерии.

Зелката од секогаш била на добар глас и нејзините лековито својство се познати уште од старите времиња. Големиот британски морепловец Џејмс Кук на неговите далечни патувања секогаш носел големи количества на кисела зелка со која ги лекувал членовите од посадата кои биле заболени од скорбут ( недостиг на витамин Ц).

Лековити и благотворни својства на киселата зелка научно се потврдени и со сигурност се знае дека 100 грама термички необработена кисела зелка содржи околу 20 милиграми витамин Ц, а во значителна количина е застапен витамин А, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум, натриум и фолна киселина.

Бидејќи киселата зелка не содржи ни масти ниту шеќери, идеална е намирница за детоксикација на телото и намалување на килограмите на здрав начин. Го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот и го чисти и регенерира џигерот. Исто така киселата зелка благотворно делува на желудникот и пробавниот систем поради млечната киселина и пробиотичките својства.

Во зимскиот период кога за избор имаме мали количества на свеж зеленчук и овошје, корисно е да ја воведеме киселата зелка во секојдневната исхрана. Секако, како би уживале во благодетите на киселата зелка – пожелно е да се избере она која е произведена и киселена на органски и еколошки прифатлив начин.

Одлично е и тоа што киселата зелка може да се подготвува на многу начини, од познатите сарми до салата. Секако при незината подготовка внимавајте да не додавате премногу сол што ги намалува нејзините лековити својства. Исто така, свежа кисела зелка е поздрава во однос на термички обработена.

За зајакнување на имунитетот во зимските месеци се препорачува секојдневно да се консумира неколку лажици изрендана свежа кисела зелка. Доколку вкусот на ова намирница Ви е премногу интензивна, во салатата од киселата зелка можете да додадете изрендан морков или цвекло.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...