Почетна / Совети за здравје / КИКИРИТКИТЕ СЕ БОГАТ ИЗВОР НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

КИКИРИТКИТЕ СЕ БОГАТ ИЗВОР НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

Кикиритките преставуваат богат извор на хранливи материи, витамини, влакна и антиоксиданси кои се важни за нормалното функционирање на организмот.

Ви ги преставуваме важните бенефити на кикиритките врз здравјето на организмот:

Го намалува нивото на холестеролот

Иако кикиритките се богат извор на калории, студиите покажале дека кикиритките и  путер од кикиритки помагаат во намалувањето на холестерол, триглицеридите но не предизвикуваат дебелеење.

Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Едно истражување укажало на тоа дека утринскиот појадок врз база на кикиритки може да помогне при контрола на шеќерот во крвта во текот на денот.

Кикиритки за убава става

Оној кој јаде кикиритки и путер од кикиритки може да се пофали со убава става за разлика од оние кои консумираат намирници со повеќе калории.

Богат извор на добри масти

Кикиритките помагаат да ги намалите килограмите и полни се со хранливи состојки и добри масти.

Ја зајакнува меморијата

Кикиритките се храна за мозок. Истражувањата покажале дека витаминот Б3 кој се наоѓа во кикиритките му дава многу бенефити на здравјето, што вклучува подобро работење на мозокот и зајакнување на меморијата.

Кикиритките штитат од опстипација

Кикиритките исто така содржат влакна кои се корисни за нормалното функционирање на цревата. Доколку сакате да го намалите ризикот од рак на дебелото црево како и создавање на камења во жолчката обидете се ова позната мешунка да ја воведете во редовната исхрана. Доколку сте алергични на кикиритки, нивната консумација е строго забранета !

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...