Почетна / Совети за здравје / КЕЉ – ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ БОРЦИ ЗА ЗДРАВЈЕТО

КЕЉ – ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ БОРЦИ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Дали знаевте дека една шолја варен кељ содржи два грама белковини и сите аминокиселини кои се потребни на нашиот организам. На нашето тело му е многу полесно да ги искористи белковините и аминокиселините од кељот отколку белковините од месото. Се прашувате зошто? Кога ќе го загризете сочното парче месо, Вашето тело мора да потроши многу енергија како би ја разградила комплексната структура на белковините кои се наоѓаат во месото, а при тоа настанува различен метаболичен отпад. Кељот содржи помалку белковини од месото, но нашето тело ефикасно ги искористува дури и најмалите количества на билните белковини.

Кељот има повеќе железо по калорија и повеќе калциум по грам од полномасното млеко. Уште една голема корист од кељот се влакната. Тие помагаат на нашето тело да ги исфрли отпадните материи, а освен тоа го намалуваат чувството на глад и не одржува подолго да бидеме сити со помалку калории и со минимално ниво на шеќер во крвта.

Поред сето ова кељот содржи и омега3 масни киселини. За жал во секојдневната исхрана во наш организам внесуваме премногу омега-6 масни киселини затоа што рафинираните масла како што се соиното масло и други билни масла се повеќе присутни. Решение е да се консумира повеќе омага-3 масни киселини. Со една шолја варен кељ добивате 10 пати повеќе витамин К од Вашата дневна потреба за него. Кељот исто така обилува со каротеноиди кои го штитат нашето здравје.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...