Почетна / Активен живот / КАТОЛИЧКИТЕ ВЕРНИЦИ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ БОЖИК!!!

КАТОЛИЧКИТЕ ВЕРНИЦИ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ БОЖИК!!!

На сите припадници на католичката вероисповед им упатуваме најсреќни честитки по повод на католичкиот Божик. Ви посакуваме овој голем празник да го поминете во топлина на Вашиот дом со најмилите, во семеен амбиент со безброј убави мигови.

Верниците кои времето го сметаат по грегоријанскиот календар денес го слават Божик, еден од најголемите христијански празници.

Божик е радосен празник кој се чека во кругот на најблиското семејство и се прославува со драгите луѓе. Тоа е време на дарување и честитање, а со божикните честитки се посакува здравје, среќа и бериќет.

Црквите во полноќ помеѓу Бадниковата вечер 24. декември и Божик 25. декември ја служат светата миса. Тоа е служба која се изведува само во Римокатоличката црква, затоа што се смета дека токму тогаш од темницата доаѓа Божјата светлина.

Според преданието Исус Христос е роден на 25. декември во пештерата во Витлеем па овој датум, се почитува во целиот христијански свет.

Во сите христијански цркви, на Бадниковата вечер и Божик се читаат деловите од Евангелието за раѓањето на Спасителот и настанот во Витлеем кој ја сменил историјата на човештвото.

На Бадниковата вечер и Божик верниците доаѓаат да се поклонат на јаслите во кои е роден Исус која традиционално е импровизирана во сите храмови.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...