Почетна / Совети за здравје / КАРИ ПОМАГА ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕНИЛНОСТА

КАРИ ПОМАГА ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕНИЛНОСТА

Консумирањето на кари еднаш или два пати неделно би можело на повозрасните луѓе да им помогне да се сочуваат од сенилноста, покажале најновите истражувања.

Истражувањата спроведени  на овошните мешунки на кои им се додавал куркумин, главната состојка на индискиот шафран, покажало дека живееле 75% подолго. Па затоа може да се објасни зошто деменцијата е поретка помеѓу повозрасните луѓе во Индија, отколку во западните земји.

Алцхајмер е поврзан со собирањето на протеините од кои се создаваат амилоиди кои ги оштетуваат неуроните. Куркуминот го забрзува формирањето на нервните нити намалувајќи го количеството на меѓу продукти- олимери, од кои тие настануваат.
Постојат неколку теории според кои олигомерите можат да го однесат текот на болеста на полошо. Според едната теорија , тие ќе бидат фатени кај нервните врски спречувајќи ги сигналните импулси, додека според втората теорија ги уништуваат мозочните клетки.

Куркуминот се издвојува од коренот на индиски шафран и се користи во медицината илјада години. Помага во војната против инфекциите и заштитува од срцевиот удар. Од скоро почнал да се тестира како лек против болки, тромбоза и карцином.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...