Почетна / Совети за здравје / Карфиол е моќен борец против ракот!

Карфиол е моќен борец против ракот!

Докажано е дека карфиолот, освен хранливата вредност, може да го детоксира нашиот систем и да го зајакне имунолошкиот систем на телото. Различните единенија кои се присутни во карфиолот се ефикасни во превенцијата на ракот и го намалуваат растот на туморските клетки.

Карфиолот е зеленчук кој припаѓа во фамилијата на зелката, и во последно време го привлекува вниманието на научниците поради неговите чудотворни моќи во војната против ракот, вклучувајќи го туморот на белите дробови, дебелото црево, тумор на дојката, тумор на бешиката и рак на јајниците.

Вклучете го карфиолот во Вашата исхрана и уживајте во неговите изненадувачки здравствени бенефити.

Детоксикација од канцерогени елементи      

Карфиолот содржи сумпорни единенија кои ја извршуваат детоксикацијата на нашето тело и така го спречуваат појавувањето на ракот. Елементите кои се присутни во карфиолот ја зголемуваат активноста на ензимите кои се вклучени во детоксикацијата на канцерогените материи.

Антиоксидативни својства   

Антиоксидативните својства во карфиолот се важни теми на најновите истражувања. Карфиолот содржи фитонутриенти, кои се доволно силни да се борат против клетките на ракот. Хранливите материи во карфиолот се богати со антиоксиданси, со помош на кои карфиолот го намалува ризикот од појавувањето на ракот.

Витамин Ц       

Карфиол е богат со витамин Ц, кој може да го спречи настанување на ракот поради големото присуство на антиоксиданси. Витаминот Ц во карфиолот го намалува ризикот од оксидативниот стрес во нашите клетки, па со тоа помага во избегнувањето на ракот.

Магнезиум   

Карфиолот е богат со магнезиум кој е важен во оксидативно-редуктивниот механизам на нашето тело. Магнезиумот е доволно силен за да го сочува телото од оксидативниот стрес, со што се спречува ракот.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...