Почетна / Некатегоризирано / Камилицата и незините лековити дејства

Камилицата и незините лековити дејства

Камилица или боливач е  една од најпознатите билки и е присутна во скоро секое домаќинство.

Камилицата брои околу 100 евроазиски видови, кои го сочинуваат семејството Anthemis во мешовита фамилија; исто така, слично растение во редот Chamaemelum од исто семејство. И двата имаат жолти и бели светови во облик на диск. Неколку Anthemis видови се одгледуваат како украсни, особено златната маргарита или жолтата камилица (A. tinctoria). Плевелот со силен мирис (A. cotula) се користи како лек и инсектицид. Чајот од камилица, кој се употребува како тоник или антисептик, а и во билни лекарства, се прави од C. noble или A. nobilis.

Чајот од камилица ја ублажува несоницата и нервозата, а маслото ја смирува болката во мускулите и зглобовите, додека инхалацијата помага кај воспалено уво и синуси.
Камилицата содржи: калциум, фосфор, сумпор, смола, горчливи материи, танин и етерично масло
Најлековит дел се нејзините цветови.

Еве неколку совети како најсоодветно да го искористите овој лек од природата во бенефит на вашето здравје.

  1. Смирете ја својата анксиозност и вознемиреност со чаша топол чај со камилица. Додајте 2 лажици исушен цвет од камилица во врела вода. Поклопете,  исцедете и додајте лажица мед, лимон и малку цимет. Овој чај ќе ви помогне побрзо да заспиете и да се смирите.
    Screenshot_2
  2. Исчистете го темелно своето лице и пори со инхалации со чај од камилица.
    Во едно тенџере ставете неколку лажички камилица и кога водата ќе зоврие поклопете ја својата глава со крпа над тенџерето и правете инхалации од 15-30 минути. Инхалациите се одлични за прочистување на вашите дишни патишта, а имаат одлично смирувачко дејство врз лицето. Доколку сте склони на појава на акни , имате широки пори или честа појава на црнки на лицето практикувајте 1 неделно да го чистите своето лице со инхалации врз чај од камилица. По инхалациите исчистете ги гнојчињата полесно и побрзо – исто како да сте добиел класичен третман во удобноста на вашиот дом
    dr-hendel_sole-inhalation
  3. Доколку често добивате подочници под вашите очи ставете две кесички чај од камилица во шоља со врела вода. Чајот испијте го, а ќесичките ставете ги во фридижер за длабоко нзамрзнување околу 2 часа . Ставете ги под очите и чувајте 10-15 минути. Не само што ќе му дадат свежина на вашето лице тие ќе ги редуцираат подочниците и ќе ги смират.
  4.  Доколку имате габична инфекција или пак изгореници на вашето тело мијте го со изладен чај од камилица. Камилицата прочистува и смирува. Делува како природен регулатор на ph а воедно како антибиотик.
  5. При алергиски реакции видливи на кожата не употребувајте лосиони, шампони, сапуни и кремови мијте го своето тело само со млак чај од камилица. Ќе го редуцира црвенилото за краток временски период.
    For-Skin-Problems

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...