Почетна / Здравје и исхрана / Калинка – супер овошје!

Калинка – супер овошје!

Калинка е вистинска мала витаминска бомба, па не е и чудно што во многу земји во светот се смета за супер овошје. Најквалитетните плодови можат да се најдат од септември до средина на март.

Сокот од калинка има три пати подобар ефект од зелениот чај и црвеното вино. Затоа е посебно ефикасен во процесот на лекувањето на туморот на дојката, белите дробови и желудникот.

Разредувач на крвта – педесет милилитри сок на ден ќе го намали повишениот крвен притисок за 5 проценти, бидејќи добро ја разредува крвта. Поред тоа, ја подобрува циркулацијата на крвта во мускулот на срцето и го намалува ризикот од инфаркт и артериосклероза, го намалува холестеролот и нивото на шеќерот во крвта. Освен тоа што го штити срцето, позитивно делува и на коските, бидејќи ги намалува реуматските болки, болки во зглобовите, артритис и остеопороза.

Го подобрува расположението – доколку патите од чести промени на расположение, една калинка на ден е лек. Поред тоа што ја враќа насмевката на лицето, помага и кај уморот, ноќното потење, црвенило на кожата, а на слузокожата и враќа влажноста. Позитивно делува на белите дробови, бидејќи лекува бронхитис, астма, кашлицата и туберкулоза и позитивно делува на чирот во желудникот. Во народната медицина уште од стари времиња се користи како лек против црвените глисти, дизентерија, хронична дијареја и болки во стомакот.

За убава и вита става – поред тоа што лекува, калинката е овошје кое разубавува. Кожата на лицето и телото ги прави еластични, ги намалува брчките, а ноктите ги зацврстува. Вистински е сојузник во војната против прекумерните килограми, бидејќи го намалува апетитот, а помага и во зачувување на забите. Има многу добар ефект во лекувањето на изгореници, рани, а маслото во козметиката се користи за производство на препарати за нега на кожата.

Што се лекува калинката?

Кардиоваскуларниот систем – го намалува крвниот притисок и холестеролот, го спречува појавувањето на инфаркт и артериосклероза.

Белите дробови – лекува бронхитис, астма, кашлица и туберкулоза.

Стомак – ги намалува болките што ги предизвикува чирот на желудникот, регулира работата на дигестивниот тракт, ги уништува црвените глисти, дизентерија и хронична дијареја.

Репродуктивни органи – ја подобрува плодноста и квалитетот на спермата, лекува импотенција и рак на простатата.

Коските – ги намалува реуматските болки, болките во зглобовите, артритис и остеопороза. Кожа – помага кај црвенилото, изгорениците, рани и ги намалува брчките.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...

Еден коментар