Почетна / Активен живот / Каков родител- такво дете: за влијанието на семејните вредности

Каков родител- такво дете: за влијанието на семејните вредности

” Родителите остануваат нашите камени темелници, нашите живoтни пријатели дури и по својата смрт. Во исто време можеби ќе ни недостасуваат но постојано ќе бидат присутни- колку и логички тоа и да звучи. Кога доживував успех, на памет секогаш ми доаѓаше сликата од татко ми и начинот на кој се справуваше со успехот, насмевката која ја имаше и големата гордост во себе. Кога се соочував со неуспех се сеќавав како тој се соочувапе со неуспехот- со тага, каење и несоници. Многу пати се чувствував дека победите и загубите ги чувствувам исто како и него…”

Начинот на кој се однесуваме во нашите врски во голема мера е резултат на тоа како сме ги доживеале врските во нашето семејство.Често одиме, зборуваме, јадиме, размислуваме па дури и гласаме за истите политички партии како и нашите родители. Можеби не сме способни да разбереме свесно колку влијанието на родителите имало влијание врз нашите врски и начин на однесување.
За некои согледувањето на овие однесувања се случува кога и самите ќе станат родители а со тоа и ќе ги препознаат сличностите.

Кога гледаме од перспектива на врска, многу е важно да запомниме дека со себе го носиме семејството уште од самото детство, семејна култура креирана од очекувањата за светот и начинот на кој правиме интеракција во него.  Ние не сме како своите родители, ние само ги прифаќаме начините на кои тие се однесувале, ги прифаќале нештата и ги чувствуваме нивните емоции.
Постојат три компоненти на оваа култура, секоја од нив се учи додека растеме во рамките на нашите семејства.

– Улогите кои ги имаме во својот живот и во животите на другите
– Семејните правила кои водат кон соодветната акција
– Основни вредности, или мисли кои се базирани на нашите чувства и акции кои ги обезбедуваат стандардите наспроти кои ги оценуваме искуствата и самите себе.
Во посветени врски, често постои судир помеѓу семејната култура која секој партнер ја внесува во врската, целта на парот станува една и се однесува на креирање на нова, заеднички задоволителна и значајна семејна култура за самите себе.
За да го остварат тоа, партнерите мораат да станат свесни како нивното семејство ги програмирало нивните очекувања.

Програмирање

Ја интернализираме семејната култура со нашите очекувања со нашите опсервации и учење, и што ќе научиме во раното детство, а она што ќе го научиме во овие рани години кое има нефлексибилен карактер дека ние имаме мал избор.
Многу е корисно да се нарече нашето најрано учење наша програмирање, со оглед на тоа што претставува извор на нашето однесување во блиските врски. За време на детството и адолесцентноста ние го тестирааме своето програмирано учење, со напори да го реплицираме или одбиеме.
Што ова значи?
Во генерала, ова значи дека се однесуваме како своите родители или нивните перципирани спротивности и тоа продолжуваме да го правиме без да бидеме свесни, се додека животното искуство ќе ни дозволи /примора да ги препознаеме алтернативите на нашите програмирани можности.

Конфликтот помеѓу партнерите кои се потесни поврзани едни со други често служи да го истакне програмираното однесување. Конфликтот се случува кога околностите во врската се менуваат, на пример со раѓањето на првото дете. Партнерите на кои им се јасно чисти нивните идентитети како индивидуи и како пар во една врска се нај флексибилни и се наоѓаат во најдобрата позиција за да се справат со неудобноста која е вклучена во промената.

Креирање на нова семејна култура

Непрограмираното, новото однесување во врската помага да се развие препознавање и вежбање на нови пристапи на врските и дилемите кои настануваат со оддавање на почит кон претходните вредности и пристапи кои не функционирале.
Ова станува јасно кога партнерите сватат дека  имаат избори за тоа како ќе се однесуваат едни спрема други.  Процесот на зголемен број на избори на моменти ќе им изгледа ризичен и збунувачки но затоа пак потребен е висок степен на мотивација за да се преформулираат таквите типови на однесување и да се започне со нов пристап кон правење на нештата.

Без разлика дали врската ќе ги преживее различностите во програмирањето зависи од степенот до кој партнерите ја признаваат и прифаќаат реалноста во согласнот со нивните различни програмирања.
Овој тест за прифаќање се однесува на волјата за работа на врската на партнерите во поглед на градење на заедничко почитување при решавањата на моменталните разлики и да научат како да живеат со трајни разлики.
Моменталните разлики често се многу конкретни и се однесуваат на одредена специфична ситуација, како каде да се оди на одмор или кој треба да сработи одредена задача. Овие разлики често се решаваат преку решавање на проблеми и техники на преговарање.

Трајните разлики се генерални и се развиваат преку карактерните особини и преференции како дискомфорт од конфронтација, шеми на спиење и сл. Често потребни се асертивни или емпатични способности за партнерите да стекнат емоционална оддалеченост, разбирање и креативност за да пронајдат начини на кои ќе научат да живеат со разликите.

Медиаторите и психотерапевтите може да им помогнат на двојките кои имаат проблеми со овие техники или вештини. Често станува збор за ставови кон промена и на моќта на заедничката желба да се пронајде начин на кој ќе се живее заеднички.
Двојките кои сметаат дека разликите се дел од работата на нивната врска се на добар пат на развивање на одлична семејна култура.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...