Почетна / Рецепти / Како се приготвува и послужува највкусното топено сирење …

Како се приготвува и послужува највкусното топено сирење …

Топено сирење…
На многумина им е омилен рецепт, но дали сите умеат да го приготват на највкусниот начин?
Во нашата кујна припремивме превкусен рецепт за топено сирење во кое веруваме ќе уживате со сласт.

Потребни состојки:
– 300 гр  фета сирење
– 100 гр изрендан кашкавал
– 2 лажици маслиново масло
– 4 лажици кечап
–  свежи ситно исецкани печурки
–  чадено месо (највкусно е со месо од чаден врат)
– оригано
– доматен сос

Подгответе ги сите состојки, поделете ги по слоеви во огноотпорен сад (највкусно е во традиционален сад- грне кое го има на сите локални пазари од домашните ракотворци).
Првично додадете еден слој фета, па слој суво месо, па слој исецкани печурки и прекријте со фета сирење, вр кој ќе додадете и доматен сос и масло. Најгоре посипете со кашкавал и малку црвена пипер и сусам и печете на 200 степени целзиусови додека се стопи кашкавалот. Се послужува со фурнаринки и навкусната Випро лутеница.

15515951_1023858717742930_1531128828_o
Ммммм….
На здравје!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...