Почетна / Здравје и исхрана / Како се лекува депресијата?

Како се лекува депресијата?

Во зависност од воспоставената дијагноза зависи и начинот на кој ќе се третира депресивното пореметување. Благите облици на депресија многу успешно се третираат без лекови само со помош на КБТ (когнитивно бихејвиорална терапија) додека пак кај потешките облици покрај ваквиот тип на терапија можеби ќе е потребен и фармаколошки третман кој зависи од ‘тежината’’ на самото пореметување.

Голем број на истражувања во светот покажале како најдобрите и најбрзите резултати во лечењето на депресијата се добиваат со помош на комбинирана терапија, односно психотерапија во комбинација со лекови.

Зошто е тоа така?
Лековите (антидепресивите) влијаат на биохемиската рамнотежа на одредени супстанци во мозокот кои се одговорни за невронската комуникација (неуро трансмитери). Кај лицата кои патат од сериозни депресивни пореметувања доаѓа до нарушување на таа рамнотежа и земањето на лекови доведува до стабилизација и урамнотежување на тие супстанци што како последица делува со отфрлување на депресивните симптоми. Меѓутоа лековите не можат да го променат начинот на размислување и психолошките причинители на депресијата што доведува до тоа да постои голема можност за повторување на депресивните симптоми по земањето на лекови. Поради таа причина се препорачува и психотерапискиот третман за депресивно пореметување чија цел е менување на психолошките причини за појавата на депресијата.

Кај благите облици на депресија психотерапискиот третман дава одлични резултати кај депресивните реакции кои може да се појават како  одговор на загуба на драга личност, депресивност како составен дел на некоја животна криза, поради низа на неповолни животни случки и сл.

Луѓето различно реагираат на неповолните животни случувања.
По појавата на неповолни животни случувања не се појавува депресија кај сите луѓе. Зошто е тоа така? Депресивното пореметување се појавува само кај оние луѓе кои се предиспонирани (имаат предиспозиции за појава) на депресија. Причините за тие предиспозиции може да бидат биолошки (генетска предиспонираност, постоење на други органски пореметувања), психолошки (отфрленост, занемарување, злоупотребување, отсуство на љубов, нега, грижа, отсуство на љубов во семејството, трауматски искуства итн.,  што заедно води кон развој на специфичен песимистичен систем на уверувања за себе, за општеството, за светот), социјални причини (сиромаштија и егзистенцијални проблеми, социјална изолација итн).
Потребно е да се истакне дека депресијата не е чувство како што тоа многумина сметаат.

Депресијата е синдром (збир на симптоми) кои вклучуваат афективни и соматски (телесни) симптоми.
Во склоп на депресијата (депресивниот синдром) може да се појават различни непријатни емоции како: интензивна и постојана тага, чувство на празнина, очај, анксиозност, гнев, чувство на кривица, безвредност, беспомошност, безнадежност, отсуство на уживање, песимистичен поглед на сегашноста и иднината итн. Од телесни симптоми може да се појават промени во: телесната тежина, несоница или хиперсомнија, губење на сексуална желба, умор и пад на енергија, нередовна менструација, намален апетит, опстипација, сува уста, главоболки итн.

Познатиот американски психијатар основач на когнитивно бихејвиоралната терапија Aron Bek, депресијата ја опишал како когнитивна тријада: негативно гледање на самиот себе, негативно гледање на светот и негативно гледање на иднината.

Во слад со РЕБТ (рационално емотивно бихејвиорална терапија) депресијата вклучува:

  • Уверувања во сопствената неадекватност;
  • Уверување дека е ‘’ужасно’’ да се нема нешто кое личноста смета дека ‘’мора’’ да го има’’;
  • Уверување дека е ‘’ужасно’’ нештото да е такво како што е и дека не треба да биде такво;

Некои РЕБТ автори проблематиката околу депресијата ја делат на три типа врз основа на 3 базични ирационални уверувања.
Депресијата може да биде предизвикана од размислувањето кое се сведува на само-обвинување:

‘’Јас не успеав/погрешив, повредив некого.’’

‘’Требаше да сум совршен и да не правам лоши работи.’’

‘’Поради тоа јас сум лоша личност која заслужува казна.’’  

Друг начин за предизвикување на депресијата е  преку самосожалување. Ирационалната суштина на само-сожалувањето е следната:

‘’Сакав да биде како што јас сакам. ’’
‘’ Ужасно е да не го добијам тоа што го посакувам.’’

Третиот начин за поттикнување на депресијата е преку сожалување на другите.
Ирационалната суштина на сожалувањето на другите луѓе или околностите во кои се наоѓаат се појавува во следната идеја:

‘’Јас би требало да се вознемирам околу проблемите на другите луѓе/околностите во светот.’’

Депресивното реагирање  е реакција на губење или неуспех кој спрема процената на личноста има значајни последици врз иднината. Депресивните лица се склони на гледање на негативните аспекти на губитокот или неуспехот, размислуваат само за сите други губитоци и неуспеси кои ги доживеале во текот на животот, размислуваат околу своите неспособности сами на себе да успеат да си помогнат преку исклучиво фокусирање на болката која ја доживеале и ја доживуваат доживуваат и врз основа на својата  ‘’мрачна иднина’’.

На крај треба да да даде и практичен совет. Доколку сте забележале  дека се соочувате со симптоми на депресија кои траат подолго од 3 недели ви препорачуваме да се обратите за помош кај стручњак за психолошко здравје (психијатар, психолог).

 

Извор: mojpsiholog

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...