Почетна / Фитнес и аеробик / Како правилно да вежбате и да ги намалите килограмите?

Како правилно да вежбате и да ги намалите килограмите?

Колку пати ви се случило да се запишете во теретана, редовно да вежбате со месеци и да престанете наеднаш бидејќи ништо не се случило…

Вежбањето е клуч за добрата линија, изглед и долговечност, но како тоа да го правите за да имате најмногу корист од тоа. Ова е прашање што многумина си го поставуваат, кои и покрај се не успеале да дојдат до видливи резултати.

Наш совет е интензивен тренинг. Значи од вас се очекува литар пот и забрзано чукање на срцето, бидејќи тогаш доаѓате во зона кога вежбањето дава резултати. Мала прошетка и вежбање нема да направат нешто значајно а вие ќе бидете незадоволни. Повторуваме – пот и забрзано чукање на срцето, се разбира до разумна граница.

Друго, немојте секогаш да вежбате исти вежби. Ако константно изведувате исти вежби тоа значи дека развивате само одредена група на мускули, па резултатите нема да бидат како што вие очекувавте. Менувајте ги вежбите секој месец или почесто, а најдобра идеја е да го прашате фитнес тренерот за помош. Тој е таму за да ви помогне и да ви даде корисни совети. Според тоа, секој план за вежбање што тренерот ќе го направи е сигурно подобар од оној што вие сте го направиле.

Правилната исхрана е клуч на успешното вешбање. Се ќе биде залудно ако секој пат после потењето се наградите со нешто калорично. Тестенините заменете ги со лосос, грицките заменете ги со овошје и зеленчук а со тоа брзо ќе стигнете до целта.

За крај, вежбањето има ефект ако на телото му дадете доволно време за одмор од напорот, а и за градење на мускулна маса која се бара. Со претераното вежбање всушност ја намалувате мускулната маса и станувате склони на повреди. Ние ви препорачуваме барем два дена во неделата да имате одмор. Пет дена неделно да вежбате е сосема доволно.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...