Почетна / Совети за здравје / Како опсесивните мисли во исто време можат да бидат и лага но и вистина?
Rows of cookie sandwiches

Како опсесивните мисли во исто време можат да бидат и лага но и вистина?

За да се разбере целосната моќ на мислите најпрво потребно е да се дефинира што всушност е мислата. Мислата е психички феномен, психичка појава која се одликува со расудување и процена на одредени внатрепни или надворешни објекти. Претпоставка во еволутивна смисла е дека незината функсија е адаптабилна. Мислите нам ни помагаат да креираме склад со надворешниот свет, светот околу нас, склад со надворешните потреби и желби.

Со оглед на тоа што мислата претставува психички феномен потребно е да се разбере дека мислата е помала за разлика од психата, па со тоа и помалку моќна , пто веднаш имплицира дека со моќта на мислата не може да се повреди интегритетот или целовитоста на психата , ова е доста значајно затоа што од оваа констатација добиваме информација дека поради нашите опсесивни мисли неможеме да полудиме, можеме да имаме опсесивно пореметување но не и лудило затоа што психичкиот интегритет не може да биде загрозен од една мисла.

Под психата се подразбира целовитост на сите психички процеси , како свесни така и несвесни. Оваа  типографија на нашето психичко битие нам ни налага да направиме една поделба која се наметнува преку дефиницијата за психата која се дели на две сфери кои се дополнуваат но во својата суштина во функцијата се спротивни , свесниот и несвесниот дел.

Screenshot_7

Свесната и несвесната сфера имаат свои закони, правила и механизми кои една на друга и се непознати. Мислите сметаме дека се дел од нас, дел од нашите вистини и дека а приори се точни. При таа анализа правиме свесна анализа на содржината на мислите.
Дали ви се случило да помислите додека се качувате по скали на пример  ”што ќе биде доколку сега пробам да паднам по скалите и се повредам?”- оваа мисла често пациентите ја толкуваат како желба себе си да си наштетат и да се повредат. Паралелно на оваа мисла постои и јасна одбивност на незината појава , отпор и неприфаќање на овој гест затоа што тој би значел нанесување на болка – неприфатлив акт. Во овој дел настанува конфликт помеѓу свесниот и несвесниот дел на мислата.

Доколку се земе во предвид дека мислата доаѓа од несвесниот дел и дека таму е и формирана, потребно е да се разбере дека таа доаѓа од еден неиздиференциран дел од несвесниот дел од нас , дел кој сам по себе нам не ни е познат но индиректно преку содржината на нашите мисли извлекуваме заеднички именител од сите мисли и можеме да дојдеме до атмосферата односно до нашите несвесни претпоставки и убедувања.

opsesivna-misao-dijagram-768x704
Доколку претпоставиме дека разработката на содржините на мислите креира внатрешен став зад опсесивните мисли, доживување на неизмерен бес, агресивност која често трае подолг период од животот на клиентите. На тој начин клиентот ги доќивува животните услови како кастративни и на секој излив на бес доживува казна. Претпоставуваме дека тоа е доволно за формирање на еден свесен став дека бесот не смее да се чувствува и дека доколку се чувствува тоа е доказ дека човекот се чувствува недостојно, несакано и безвредно.

Во свеста на клиентот доминира автоматската мисла ”ќе пробам да паднам од скалите и да се повредам”.По таа мисла се нижат низа на руминации и менталнапреработка на тој свесен материјал.

Тука станува збор за текови на мисли кои делимично се занимаваат со оригиналната автоматска мисла но сепак во нив има и дополнителна разработка. Клиентот оди и понатаму, и обично преку когнитивна дисторзија го зголемува катастрофалниот исход во својата глава. Па така руминациите на авотматската мисла моќат да бидат: јас сум самоубиец, доколку пробам да паднам ќе бидам во инвалидска количка, а моите ќе треба да се грижат замене…
Па така руминациите се нижат една по друга и личноста неминовно сама доаѓа до заклучок дека е лоша, дека нема констрола и дека е луда.
Како што покажува и самиот график, руминациите го зацврстуваат несвесното верување, во нашиот случај агресивност и немање на контрола над сопственото однесување. Тоа верување по внатрешната атмосфера или филтер се одбива од неструктуираната мисла која започнува да се раѓа во нашата свест.
Ноиот концепт на распределените мисли , двостраните мисли е дека примарниот несвесен содржај кој е под влијание на несвесното верување се раѓа како финална свесна автоматскамисла. Така мислата преку својот симболичен содржај нуди разрешување и дава увид во тоа кој е несвесниот конфликт, кое е тоа верување кое ја одбива автоматската мисла.

Мислата претставува и вистина и лага.Вистината е во целовитоста на мислата дека таа е точна ако е убаво преведена на јазикот на несвесниот дел од нас, а е потполно неточна ако ја гледаме само од контекст на свеста и дека самата содржина на мислата во свеста е бесмислена.

Извадок од текстот:  Opsesivne misli –kako mogu istovremeno biti i laž i istina

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...