Почетна / Совети за здравје / Како лимонот ви помага да бидете поубави

Како лимонот ви помага да бидете поубави

Лимонот во служба на убавината се користи на различни начини, а ова се само примери како со помош на киселиот сок од оваа билка на вашиот изглед ќе му додадете свежина. ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПРАМЕНИ Оваа метода е позната нашироко, а се разбира и денес функционира толку добро како порано. Нанесете лимонов сок на прамените кои сакате да ги осветлите и излезете на сонце, или едноставно користет фен. ТОНЕР ЗА ЛИЦЕ Исцедете неколку капки лимонов сок на крпа или тупфер и нанесете го на лицето на деловите каде имате повеќе маснотија и непријатен сјај. Лимоновиот сок ќе ја отстрани маснотијата па вашата кожа на лицето повторно ќе блеска и ќе биде тенот изедначен. ИЗБЕЛУВАЊЕ НА НОКТИ Ако ноктите ви се пожолтени, исцедете лимон во мал сад и потопете ги врвовите на прстите неколку минути. Лимоновиот сок ќе забележите дека ги повлекол флеките. ДЕЗОДОРАНС Лимонската киселина во лимоновиот сок ги убива бактериите кои произведуваат непријатен мирис, што го прави лимонот совршен дезодоранс во хитни случаи. Само истријте го лимоновиот сок под пазувите. ЧИСТЕЊЕ НА КОСАТА ОД ИНТЕНЗИВНИ ТРЕТМАНИ Лимоновиот сок во комбинација со вода е најдобар начин да ја ослободите косата од насобраните остатоци од препаратите кои сте ги користеле. Измешајте го лимоновиот сок со вода во размер еден спрема еден, нанесете на косата и оставете да делува една минута пред да ја измиете косата. ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ДАМКИ НА КОЖАТА Лимонот е веќе легендарен народен лек за избелување на пеги. Нанесете на памук малку од сокот, чистете го лицето секој ден а резултатите набрзо ќе станат очигледни. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРВУТ Лимоновиот сок не е добар како превентива за отстранување на првут, но одличен е за отстранување на постоечките жаришта на овој досаден проблем. Ако ве мачи првутот пробајте да го втриете лимоновиот сок на кожата од главата, а потоа оставете да делува неколку минути. ОТСТРАНУВАЊЕ ФЛЕКИ ОД ТКАЕНИНИ Лимонот е корисен во домаќинството. Флеките на ткаенините скоро од секоја супстанција може да се отстранат со помош на лимоновиот сок. За погруби ткаенини измешајте лимонов сок со сол, за понежни материјали доволно е само лимонов сок. Нанесете ги на ткаенина и истријте ја флеката. ПРИРОДЕН ПИЛИНГ Направете смеса од една третина сол, една третина лимонов сок и една третина маслиново масло и ќе имате совршена природна смеса за пилинг на вашата кожа на телото.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...