Почетна / Совети за здравје / Како хмељот може да ни помогне да го подобриме здравјето?

Како хмељот може да ни помогне да го подобриме здравјето?

Хмељот е билка која во главно ни е позната како една од главните состојки на омилениот пијалак – пивото. Поред тоа хмељот е здрав, а ние денес Ви откриваме во кои цели може да се користи.

Ако некогаш слушнавте дека пивото е здраво, тогаш треба да знаете дека тоа до некаде е вистина и тоа само затоа што во себе содржи здрава билка која се вика хмељ. Хмељот долгиот низ на години се користи како хомеопатски лек, а неговата употреба се покажала како нај делотворна кај лекувањето на несоница, менструалните проблеми и проблеми со пробавата. Еве што треба да знаете за хмељот.

Лекувањето на инсомнија (несоница) 

Сите оние кои патат од несоница можат да имаат повеќекратна корист од хмељот затоа што е докажано дека ова билка има седативно делување и затоа луѓето го користеле многу порано, и пред производството на пивото. Како би се избориле со несоницата хмељот можете да го користете на неколку различни начини.

Се препорачува да цветовите на хмељот ги ставите во перницата веднаш под главата, а исто така можете да го пиете чајот направен од хмељ или да земате суплементи врз база на хмељ. Она што е позитивно, доколку заспиете со помош на ова билка, следното утро нема да бидете безволни, освен ако хмељот не го внесовте по пат на поголеми количества на пиво. Во потешките облици на несоница стручњаците советуваат дека тинктурата, чајот или суплементите врз база на хмељ можете да ги земате со други билки кои имаат смирувачко делување како што се валеријана или мелатонин.

Дигестивните проблеми

Хмељот има долга историја во користење за лекување на многу дигестивни проблеми како што се пролив, синдром на иритабилни црева па се до надуеноста и гасови. Доколку хмељот го комбинирате со мента ќе добиете делотворен лек и трајно ќе ја подобрите пробавата.

Менструални проблеми     

Хмељот докажано има естроген ефект и затоа може да биде од голема помош на жените кои имаат проблеми со болни и нередовни менструации. Чајот од хмељот, во овие случаеви се препорачува како би се олеснеле болните грчеви во стомакот и да се намалат брановите на жештина кои многу жени ги имаат во текот на менопаузата.

Камења во бубрезите      

Доколку досега имавте проблеми со камчиња во бубрезите кои можат да предизвикаат силни болки, можеби би требало да го земете во предвид употребата на суплементите врз база на хмељ. Камчињата во бубрегот предизвикува вишокот на калциум во организмот, а хмељот го намалува нивото на калциум и на тој начин превентивно делува на настанувањето на камчињата.

Проблемите со кожата           

Кога се во прашање кожните проблеми хмељот се покажал како најделотворен во лекувањето на чиревите, позитивно делува за нивното побрзо зацелување и третирање на изразено сува и испукана кожа. Исто така е делотворен кај проблемите со лошата циркулација и варикозни вени.

Богат извор на антиоксиданси

Истражувањата покажале дека во хмељот се пронајдени големи концентрации на антиоксиданси, исто како и во виното. Антиоксидансите се најсилните борци против слободните радикали кои се главни предизвикувачи на симптомите на стареење и настанување на канцерогените заболувања. Германските производители на пиво водејќи се по тој факт, осмислиле антиканцерогено пиво со поголеми количества на хмељ. Исто така, докажано е дека со пиењето на пиво во организмот внесуваме повеќе антиоксиданси отколку при консумирањето на виното.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...