Почетна / Фитнес и аеробик / Како физичката активност го забавува стареењето?!

Како физичката активност го забавува стареењето?!

Главното прашање на 21. Век, освен како да се излези од кризата, е да се пронајде начин за младешки изглед и барем малку да го забавиме стареењето. Еволуцијата пред милион години одредила да со годините организмот ја губи снагата, кожата побавно се регенерира, мускулите слабеат, имуниот систем се нарушува.

Нашето тело може да се спореди со батерија која со текот на времето се троши и светлината станува се послаба се додека на крај не згасне. Не можеме да го спречиме трошењето, но можеме да пронајдеме штекер за ново полнење.

Сите знаеме дека движењето е добро за нас, но можеби е уште по интересно фактот дека тоа може да не подмлади и до 9 години. Се прашувате како? Научниците веќе со години се мачат да ја откријат волшебната формула за продолжување на животот и младоликиот изглед. Во едни истражувања забележале дека одговорот на ова прашање се наоѓа во теломерот ( физичките краеви на хромозомите кои се скратуваат со секое делење на клетките и се показатели на стареењето на организмот ). Прекумерното скратување на теломерот доведува до стареењето, а неговото скратување е предизвикано со различни фактори како што е генетското наследство, социјалното окружување, животните навики, каде што главна улога има исхраната, движењето и стабилност на менталното здравје. На генетиката не можеме да влијаеме., но на животните навики секако дека можеме.

Истражувањата покажаа како и кој вид на телесните вежби може да влијаат на забавување на телометарот. Телесните вежби кои доведуваат до интензивно загревање на телото и кое се спроведува барем 3 часа секоја недела има поголемо влијание на должината на телометарот и младоликиот изглед, за разлика од неактивноста пред телевизорот. Тестирање се одвиваше на група млади луѓе, кои беа замолени да три недели ништо не работаат физички, односно да одмараат. Само три недели на физичка неактивност доведоа до поголеми физиолошки промени кај испитаниците, зголемување на крвниот притисок, капацитетот на срцето е помал, поголемо протекување на маснотиите доведуваат до побрзото стареење. Постои решение, само е потребно малку дисциплина, желба и мотивација.

ANTI-AGING ВЕЖБИ

Вежби со поголем интензитет: брзо одење, велосипедизам, џогинг, танец и качување по скалите се само некои од примерите за вежби со поголем интензитет. Се постигнува подобар ефект доколку ги спроведувате секој ден по 30 минути отколку еднаш или двапати неделно по 2 часа.

Вежби за сила:  со стареењето се намалува мускулната маса. Подигањето на теговите и други видови на вежби со надворешното оптоварување се важни за одржување на здраво и витално тело.

Енергетски вежби: азиската традиција зборува за поврзаноста на енергија, вежбите и стареењето. Така на пример вежбитекои се презентираат за превенција на стареење се Tai Chi и Qi Gong вежби. Овие вежби вклучуваат низ на бавни движења во потполна синергија со дишењето. Во тие вежби, правилното дишење е важно за оксидација на телото и спречува губење на калоген и прераното стареење.

Јога вежби:  за јога многу знаеме, затоа не потребно да објаснуваме за незините позитивни ефекти, техники на дишење и релаксација за одржување на менталното здравје.

Ако можеби до сега успешно ги избегнувавте било каков вид на вежбање, време е да размислете дали навистина сакате да за неколку години изгледате постаро отколку што сте.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...