Почетна / Совети за здравје / Како делува астаксантинот врз вашето здравје?
Извор: Nutrex Hawai

Како делува астаксантинот врз вашето здравје?

Астаксантинот е моќен антиоксидант класифициран во групата на каротеноиди, во својот состав вклучува органски пигменти кои можат да се најдат во различни видови на растенија, алги, животни, бактерии и габи. Во основа, астаксантинот е еден од најмоќните антиоксиданси кој може да се апсорбира од страна на човечкото тело. Тој е корисен во ослободување на оксидативниот стрес од  телото, додека, исто така, помага полесно да се опоравите по вежбањето.

Извор: athletesbest.com
Извор:athletesbest.com

Како делува Астаксантинот во човечкото тело?
Антиоскидансите обезбедуваат здрава рамнотежа во телото и силна потпора за целокупното здравје, а воедно имаат и лековита моќ врз оштетените клеточни структури. Тие се борат против процесот на оксидација, кој доведува до оштетување на клеточните структури со текот на времето.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=9_5JIRd_wdE]

Антиоксидансите ”ја жртвуваат” својата структура со цел да ја поправат штетата предизвикана од слободните радикали, го забавуваат нивното дејство и делуваат заштитно спречувајќи оксидација, со што се овозможува стабилизација на здравјето на клетките. Здравата клеточна функција делува на целокупно здравје, а воедно е и предуслов за постигнување на оптималното здравје и врвот на човековиот  физички перформанс.

Астаксантинот е уникатен антиоксиданс кој е достапен во целото тело. Кожата, мускулите, лигаментите, тетивите, очите, кардиоваскуларниот систем, нервниот систем и внатрешните органи се сите приемчиви на астаксантинот. Овие ткива во присуство на овој антиоксиданс го подобруваат својот перформанс што се должи на силната и активна моќ на астаксантинот.

Колку е добар Астаксантинот за човечкото тело?
За разлика од многу други антиоксиданси, Астаксантинот е многу моќен. Витамини кои делуваат антиоксидантно како витамин А, Ц и Е, имаат далеку помала антиоксидансна моќност од астаксантинот.
BioAstin – Хавајскиот Астаксантин има 550 пати поголема антиоксидансна моќ од витаминот Д; 6.000 пати поголема од моќта на витамин Ц, и 800 пати поголема од моќта на популарниот супер-антиоксиданс, коензимот Q10. Кога го консумирате на дневна основа во комбинација со здрава исхрана и рутинско вежбање , дополнително може да се ужива во здравствените придобивки на овој антиоксиданс во рамките на целиот организам и  низ целото тело.

Извор: vianaturale.ee
Извор: vianaturale.ee

Не се познати несакани ефекти или контраиндикации со астаксантин
Астаксантинот е природен каротеноид, идостапен е во лососот кој има значително обоено светло месо, во школки со изразита светло- розова или црвена боја. Фламингата се хранат со морски животни чие месо е богато со каротеноиди, а од таму ја добиваат и својата карактеристична розова боја. Фламингата се единствените животни со способност да конвертираат други каротеноиди во астаксантин во нивните тела.

Не постојат познати проблеми на токсичност кога се консумира препорачаната доза на астаксантин.

Извор: nutrex-hawaii.com

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...