Почетна / Совети за здравје / Како да внимавате на здравјето после срцевиот удар

Како да внимавате на здравјето после срцевиот удар

Срцевиот удар е секако страшно искуство за секого и многумина ги наведува да се преиспитаат кога е во прашање грижата за здравјето. Еве на што треба да внимавате после срцевиот удар.

Тоа е предупредувачки знак дека мора да внесете некои значајни промени во животот. За да избегнете понатамошни потешкотии и срцеви проблеми, мора да примените екои нови навики.

Пушачи

Ако сте пушеле, сега е крајно време да престанете. Докажано е дека оваа навика многу лошо делува на здравјето, артериите и штети на нормалното функционирање на срцето. Во овој случај изборот е едноставен – живот или цигари.

Храна

Пожелно е дури и во договор со стручен нутриционист да изработите здрава диета до која ќе се придржувате. Здравиот начин на живот сега е услов за живот без срцеви проблеми. Нездравите маснотии се први кои треба да ги исфрлите од масата. Тие го зголемуваат нивто на лошиот холестерол.

Држете се настрана од скара, печења, преработено месо, маргарин или било која храна што е преполна со масти. Јадете овошје, помалку масни млечни призводи и месо без маснотии. Постојат мноштво од идеи како да комбинирате зеленчук и овошје со што вашите оброци нема да изгледаат досадно. Идеите можете да ги пронајдете овде, на нашиот портал во категоријата рецепти.

За доручек изберете производи од цело зрно. Конзумирањето на храна од цело зрно придонесува да внесете повеќе влакна и да го снижите лошиот холестерол. Сто тоа внесувате и повеќе витамини, минерали и нутриенти. Намалете го внесот на тестенини, леб од бело брашно, бел ориз…

Покрај тоа треба да го промените и начинот на сервирање. Повеќе мали порции се најдобар избор. Прејадување не доаѓа во обзир.

Вежби и лекови

Ако до сега не бевте наклонети на вежбање не е касно да почнете – без разлика на годините. За секое тело постои одредено темпо и режим. За почеток тоа може да бидат полесни вежби или прошетки. Вежбите го зајакнуваат срцевиот мускул, па тој полесно пумпа крв. На ваков начин го намалувате стресот, лошиот холестерол, вишокот килограми и дефгурни 4 знаци кои инитивно го намалувате ризикот од срцев удар. Најдобро е да се консултирате со лекар за вежбите и што е најдобро за вас и како да почнете.

Не ги занемарувајте ниту лековите. Обично ќе ви бидат препишани оние што се земаат два пати на ден – наутро и на вечер. Тие се тука да го спречат зачепувањето на крвните садови, да го снижат холестеролот и да ја подобрат работата на срцето.

Најчести и најсигурни 4 знаци за срцев удар:

– Болка во градите

-отежнато дишење или недостаток на воздух

– мачнини и потење

– болки во останатите делови од телото

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...