Почетна / Совети за здравје / Како да спречите пад на имунитет?

Како да спречите пад на имунитет?

Падот на имунитетот е најизразен за време на ладните денови, од касната есен до раната пролет. До него доаѓа кога бактериите и вирусите го надвладеат организмот, што може да предизвика низа здравствени пореметувања и болести.

Имунолошкиот систем е составен од слезината, лимфните јазли и коскената срж, која го штити организмот од инфекции предизвикани од бактерии и вируси. Во зима, нашето тело троши повеќе енергија за да се загрее, што го прави помалку отпорен на инфекции.

Претерувањето со другите активности, без внесување на доволно калории, минерали и витамини, создаваме одлични услови за болеста да не совлада.

Недостатокот на витамини остава траги на кожата, косата или ноктите. Ова воедно се показатели за губење на вашата снага или имунитет. Секој ден во организмот внесувајте витамини, посебно Д, Ц и А преку конзумирање на овошје и зеленчук.

Доволно минерали и протеини ќе ви даде пилешката супа, немасното месо, рибата, школките, печурките и млечните производи.

Пробајте да спиете 7 до 8 часа дневно. Мирот, тишината и угодната температура во просторијата во која спиете се задолжителни. Направете пауза кога ќе осетите дека ви се исцрпила силата. Одморот го опушта организмот.

Издвојте неколку минути секој ден за себе. Опуштете се и не размислувајте за обврските барем 5 минути. Умереното вежбање го зајакнува имунитетот дури 50%, во спротивно зголемениот и преголем физички напор го исцрпува организмот и го намалува имунитетот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...