Почетна / Совети за здравје / Како да спречите мигрена?

Како да спречите мигрена?

Најпознатата и најјака главоболка би била мигрената, а од неа патат помеѓу 8 и 20% од луѓето. На сите му се познати непријатните симптоми како мачнина, вртоглавици, повраќање, преосетливост на светлина и звуци. Со препознавање и избегнување на ситуациите кои ви сметаат можеме да ги намалиме шансите од напад на мигрена. Во продолжение прочитајте како да ја спречите мигрената пред да почне.

1.Избегнувајте гласни звуци и јака светлина

Гласна музика и јака светлина можат да предизвикаат мигрена, или да бидат еден од факторите за нејзина појава. Пробајте да избегнете ноќно возење, клубови, кино собири и директна сончева светлост. Одмарајте ги очите секогаш кога имате прилика. Избегнувајте ги сите аудио и визуелни звуци кои непријатно влијаат на вас, пред се за да си помогнете на себе.

2. Обрнете внимание на исхраната

Некои производи како чоколадото, црвеното вино, шеќерот и сирењето може да поттикнат главоболка. Избегнувајте ги овие намирници ако кај вас предизвикуваат мигрена. Намалете ја дневната конзумација на кафе и алкохол, бидејќи во голема мера ја предизвикуваат.

3. Водете дневник за главоболка

пишувајќи дневник на едноставен начин пратите што кај вас доведува до појава на мигрена. Запишувајте се што јадете, пиете, вашиот дневен распоред, временската прогноза, емотивната состојба и лековите кои сте ги користеле тој ден. Запишете кога почнала и колку траела мигрената. Со вака јасен распоред ќе ви биде полесно да ги препознаете и спречите причинителите за мигрена.

4. Хормонските промени влијаат на мигрената

Голем број жени за време на менструалниот циклус доживуваат напад на мигрена. Во текот на тој период жените треба да обрнат повеќе внимание на исхраната и физичката активност и така да ги ублажат симптомите пред да се појават. Оралната контрацепција ја зачестува и јачината на мигрената.

5. Пратете ја временската прогноза

Промената на времето влијае на нас и предизвикува понекогаш главоболка, а поготово влагата и високите температури. Ако временските услови ви станат неподносливи, можеби би требало да одморите во затворен простор. Секако дека не можете секогаш да бидете во затворен простор, но некогаш можете да го скратите времето поминато надвор.

6.Спијте и јадете редовно

Прескокнување на оброци, недостаток на сон и дехидратација предизвикуваат главоболка. Задолжително јадете еден час после будење, а после тоа на секои три саати. Секој ден спијте најмалку 8 часа, никогаш премногу бидејќи и тоа може да придонесе за појава на мигрена.

7. Избегнувајте стрес

Иако не можеме секогаш да ги избегнеме стресните ситуации, можеме да ги контролираме своите реакции. Техниките на релаксација како јога и медитација, можат да го намалат нивото на стрес и да го смират нашето тело и мисли.

Грижете се повеќе за вашето здравје и правете се што е потребно за живот без болки.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...