Почетна / Совети за здравје / Како да создадете навика за почесто пиење вода?

Како да создадете навика за почесто пиење вода?

6 идеи кои ќе ви помогнат да создадете навика за пиење вода.

  1. Пијте чаша вода со секој ваш оброк.
  2. Понесете шише со вода каде и да одите.
  3. Чувајте ја водата на маса за секогаш да ја гледате и да ве потсетува.
  4. Кога чувствувате глад секогаш напијте се вода.
  5. Секогаш кога можете заменете го сокот, кафето или другите пијалоци со вода.
  6. Измерете ја количината на вода што треба да ја испиете.

dobra voda

Други причини кои ќе ве убедат да пиете повеќе вода се тоа што таа:

  • помага за губење на килограми
  • Дава енергија
  • помага при главоболки
  • Придонесува за здрав изглед на кожата
  • Ги регулира проблемите со дигестијата
  • За прочистување на телото од токсини и здрави бубрези
  • Поквалитетно вежбање и истрајност

Губење килограми

Водата е еден од најдобрите сојузници за губење на килограмите. Зошто? Бидејќи таа е најдобрата замена за сите алкохолни и безалкохолни пијалоци, нема засладувачи, шеќери или други додатоци. Освен тоа содржи нула калории. Исто така, го „убива“ апетитот ( моментот кога сметаме дека сме гладни а всушност сме жедни) и прави да се чувствуваме сито. Па, доколку планирате да го намалите вишокот килограми зголемете ја количината на вода што ја пиете.

Водата ја зголемува енергијата

Да се биде дехидриран значи дека тоа ќе придонесе до појава на замор, истоштеност а со тоа и намалена енергија која ни е потребна за функционирање во текот на денот. Дури и умерената дехидрација од 1 или 2% може да ги покаже овие знаци. Ако сте жедни тоа е знак дека веќе сте дехидрирале. А тоа може да доведе до појава на несвестици, вртоглавици, замор во мускулите и други симптоми.

Здрава кожа

Пиењето вода може да ја исчисти вашата кожа и да направи да изгледате посвежо и да имате повеќе сјај. Убедете се да пиете вода а за извесен период погледнете ги резултатите на себе.

Проблеми со дигестивниот систем

На нашиот дигестивен систем потребна му е одредена количина на вода за да може да ја обработи храна нормално. Водата значително помага при проблемите кои настануваат со киселините во стомакот, при запек и др.

Здрави бубрези и тело без токсини

Водата го прочистува телото од сите непотребни материи и ги исфрла редовно токсините. Што значи колку повеќе вода пиете, толку и вашите бубрези подобро ќе работат.

Поквалитетно вежбање и истрајност 

Сите знаеме дека од есенцијална важност е да се пие вода за време на третнинзите. Но најважно е да не заборавите да пиете 2 часа пред тренинг и веднаш после вежбање. Зошто преку потење се кубат значителни количини вода од организмот.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...