Почетна / Рецепти / Како да припремите повкусно месо?

Како да припремите повкусно месо?

На сите барем еднаш ни случило пилешкото филе да ни биде суво и тврдо, а во печењето да стане помалку сочно отколку што сме очекувале. Ние ви претставуваме една листа со 10 генијални идеи и совети кои ќе ви ги тргнат главоболките околу припремите на омилената намирница месо.

  • Меленото месо ќе биде повкусно и помалку калорично ако го помешате со немасно крем сирење наместо со презла или леб.
  • Пилешкото месо ќе има крцкава кора ако во текот на печењето го прелиете со сок од лимон разбажен во малку вода.
  • Ако сокот од предолгото печење малку ви прегорел и има горчлив вкус тогаш сипете малку супа од коцка, додајте неколку лажици вино и продолжете го печењето колку што е потребно за малку месото да омекне.
  • Во сокот за време на печењето може да додадете павлака, со што ќе добиете вкусен прелив за варен компир, ориз или тестенини.
  • Кога месото или зеленчукот сакате да ги печите во алуминиумска фолија, ставете ги врз сјајната страна, а потоа краевите внимателно соберете ги и месото обвиткајте го целосно. Ова го правиме со цел за време на печењето не би испарил целиот сок. Добро познато дека за печење во алуминиумска фолија е потребно повеќе време отколку за печење во обична тава.
  • Ако месото ви престоило повеќе од неколку дена во фрижидерот и добило непријатен мирис, измијте го со ладна вода и ставете го 30 минути да одстои во чај од камилица.
  • Кога печите месо кое подолго време стоело во фрижидерот, ставете парче целер и печете ги заедно. така месото ќе биде повкусно.
  • Секое месо што планирате да го пржите далеку е повкусно и помеко ако претходно го ставит да постои во млеко.
  • Џирерите ќе бидат повкусни и помеки ако на секое парче пред пржење му ставите по неколку капки вино. Никако не го посолувајте пред пржење, туку после тоа зошто ќе стане жилаво.
  • Месото за скара не смее да биде тукушто извадено од фрижидерот, затоа што може да се случи внатре да остане ладно. Намирниците треба да бидат на собна температура. пред печење на скара, месото мора да биде целосно суво, без влага, а добро е малку да се премачка со мсло. Посолување и побиберување е дозволено откако месото е сосема печено бидејќи солта ја зема целата вода, па од месото ќе се исцеди сок, а запечениот бибер има непријатен вкус и мирис.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...