Почетна / Совети за здравје / Како да останете хидрирани за време на лето

Како да останете хидрирани за време на лето

Кога температурите се повишуваат пиењето на течности е особено важно доколку спортувате, патувате или пак се експонирате себе си подолго време на сонце.
Постојат многу придобивки за човековиот организам само од пиењето на вода, а за да го разбереме тоа потребно е поблиску да ги разјаснеме придобивките од хидратацијата со вода за време на летниот период.

Колку вода ни е потребна во лето?
Количината на вода која му е потребна на еден човек зависи од климатските услови, начинот на облекување, вежбање, физичка активност и незиниот интензитет.
Доколку сте физички активни вам ви е потребна поголема количина на вода!
Одредени медицински состојби како дијабетис или срцева болест значат дека можеби потребно ви е дапиете повеќе вода. Луѓето со цистична фиброза имаат високи концентрации на натриум во нивното тело што е причина плус  да обрнат повеќе внимание за да избегнат дехидратација.

Жедта не е најдобриот индикатор  за потребата од вода.
Доколку сте се почувствувале жедни, вие веќе сте дехидрирани!

Најесенцијалниот нутриент во човековото тело – Вода

Водата претставува можеби најважниот и најзаборавениот нутриент за човековото тело.
Човековото тело може да преживее некое време без храна меѓутоа без вода не може повеќе од 3 дена. Вкупната мускулна маса на човековото тело се состои од 70-75% од вода, додека пак масната маса се состои од 10-40% од вода. Поради повисоката мускулна маса, машките тела содржат поголем процент на вода за разлика од телата на жените, луѓето со повисока телесна тежина и повозрасните лица.

причина

Водата е:

  • Растворувач битен за биохемиските реакции. Таа обезбедува нутриенти и отстранува токсини од човековото тело.
  • Есенцијална за одржувањето на циркулацијата на крвта низ човековото тело.
  • Водата е потребна за одржување на телесната температура.
    Како што вежбате, се движите или работите вашиот метаболизам и внатрешната температура се зголемуваат, а водата обезбедува нивно регулирање. Со намалување на температурата, водата обезбедува намалување на температурата на внатрешните органи на телото спречувајќи појава на топлотен удар, па дури и смрт.
  • Водата патува од крвниот систем до кожата со што и обезбедува да дише.Со  потењето, телото се оладува и ја одржува својата оптимална телесна температура која обезбедува оптимално функционирање на телото и одржување на доброто здравје.
  • Одржувањето на соодветни нивоа на хидратација е одлично за одржување на балансот на целиот организам. Кога се чувствувате жедни вашето тело веќе изгубило до 2% од водата и сте на чекор поблиску до дехидратација, затоа не дозволувајте тоа да ви се случи- хидрирајте се!
    евина

Пиењето на вода е одлично за срцевото здравје

Доколку сте хидрирани, вашето срце не мора да работи толку интензивно– John Batson, M.D,  American Heart Association.
Доколку телото е снабдено со доволна количина на вода, срцето полесно ја испумпува крвта низ крвните садови домускулите, а исто така им обезбедува подобро да функционираат. Во периодот на летните месеци особено важно е да се истакне зголеменото внесување на течности се со цел спречување појава на дехидратација која во лето претставува голем ризик фактор за појава на топлотен и мозочен удар.

Со покачувањето на летните температури, пиењето на вода е од особено значење на вас, затоа ве советуваме да ги следите следните неколку чекори кои ќе ви ибезбедат да се чувствувате добро и освежено макар и на температури над 40C.

  • Секој пат кога вежбате во екстремни жештини во период подолг од 1 час, додајте и на својата вода електролити и 6-8% јаглехидрати.
  • Доколку сте физички активни пијте многу течности денот пред и за време на физичката активност.
  • Избегнувајте пиење на алкохол затоа што предизвикува дехидратација.
  • Консумирајте повеќе течности преку пиење на чај,млеко, јадење на супи и овошје.
  • Јадете до 5 шољи овошје дневно и исто толку и зеленчук за да се почувствувате добро во својата кожа, поради тоа што тие содржат калиум- важен минерал потребен за функционирање на организамот.
  • Доколку сте физички активни, и искусувате губиток на натриум, консумирањето на солена храна како предоброк за време на вежбање има огромна улога врз повратокот на наитриумот и доборосотојбата на организамот.
  • Сокот од портокал е богат со калиум, меѓутоа во лето разредувајте го 50-50% со вода за да обезбедите електролитите од сокот побрзо да влијаат врз вашиот организам.

    Водата е извор на живот и здравје, таа дава и има толку многу бенефиции, и толку многу благодети што ја препорачуваме на секого во големи количини ова лето.
    Затоа ви порачуваме да се хидрирате со Евина и да останете здрави и витални!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...