Почетна / Диети / Како да ослабите со помош на вода?

Како да ослабите со помош на вода?

Дали се одлучивте да почнете со диета? Доколку е Вашиот одговор потврден тогаш сигурно размислувавте за тоа кои измени ќе внесете во свои прехранбени навики. Помеѓу различните начини за слабеење постои и оној со помош на вода.

Кој пред јадење пие вода полесно ги намалува килограмите. До тој резултат има дојдено една американска студија. Само две чаши вода секој пат пред јадење осигурува намалување и до 2 килограми. Стручњаците нагласуваат дека водата помага да се намали апетитот, а при тоа да се чувствуваме најадено и тоа со нула калории.

Во текот на 12 дена колку и што траеше студијата, доброволците со уште две дополнителни чаши вода ослабеле 5 килограми повеќе од оние кои не консумирале вода.

Личности кои пијат вода внесуваат 75 до 90 калории помалку по јадењето отколку личностите кои немаат испиено две чаши вода. Но треба да се пие вода, а не напивки кои содржат шеќер.

За да извлечете максимум од водата кога е во прашање Вашето дете, консумирајте околу 13 чаши вода дневно. Никогаш не консумирајте големи количества вода одеднаш. За да имате вистински ефект, распоредете го количеството на вода во текот на целиот ден.

За внесените 1.000 калории потребно е околу 1.000 милилитри, односно литар вода. Од тоа, две третини се внесува со пиење, а останатото се осигурува по пат на храна. Колку вода Ви е потребно, лесно ќе пресметате со помош на една едноставна формула.   Потребно дневно внесување на вода во децилитри = ТМ (кг) х 0, 3 децилитри. На личноста која има околу 70 килограми и е потребно околу две литри вода дневно.

За да бидете сигурни колку вода внесовте, пијте од пластични шишиња од половина литар или литра. На тој начин ќе можете точно да пресметате кое количество на течноста внесовте во текот на денот. Каде и да одите со себе носете шише со вода затоа што така полесно ќе внесете потребно количество на вода. Нека водата Ви биде главен сојузник кога е во прашање слабеењето.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...