Почетна / Рецепти / Како да направите домашно кисело млеко?

Како да направите домашно кисело млеко?

Киселото млеко е вкусна и корисна намирница која ја нормализира активноста на гастроинтестиналниот тракт, го подобрува имунитетот, ги исфрлува токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. Киселото млеко ги содржи сите потребни нутритиви׃ маснотии, јаглени хидрати и протеини и затоа спаѓа во редица на комплетни намирници. Исто така киселото млеко е идеална намирница за слабеење затоа што содржи значаен удел на протеини. Протеините остануваат подолго во стомакот и го задржуваат чувството на ситост. Телото согорува повеќе калории кога ги вари протеините отколку јаглените хидрати. Домашното кисело млеко секако е најздрав и највкусен избор, а може да се направи лесно.

  1. Откако ќе се свари млекото по половина час тргнете го од огнот и оставете го малку да се олади.
  2. Одвоите 150 милилитри млеко во посебен сад и измешајте го со три големи лажици од купечкото полномасно кисело млеко. Измешајте ја убаво смесата, турете ја во преостанатото млеко и повторно убаво измешајте да се соедини со остатокот на млекото.
  3. Смесата турете ја во посебен сад или повеќе помали садови. Садовите на ги затварајте туку покријте ги со газа или фолија со дупче.
  4. Би било добро садовите да ги покриете со кујнските крпи или пешкири како топлината би се задржала што е можно повеќе.
  5. Садовите оставете ги да седат на собна температура преку ноќ, а може и пократко, би требало да ферментира во период помеѓу 3 и 6 часа.
  6. Кога процесот на киселење ќе се заврши, турете го киселото млеко во садовите по желба и ставете ги во фрижидер да се изладат. Консумирајте по желба, а во фрижидер може да седи 7 дена а да не се расипе.  7.Собната температура на која се кисели млекото не би требало да биде под 20 степени.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...