Почетна / Здравје и исхрана / Како да ја приготвите највкусната Цезар салата

Како да ја приготвите највкусната Цезар салата

Приготвувањето на оваа салата опфаќа користење на повеќе намирници.
Посетете го локалниот зелен пазар и најблискиот маркет или специјализарана продавница за месни и млечни производи и ќе успеете да уживате во оваа салата.
Пригответе ја за саканите и послужете со минерална вода или бело вино.

Потребни намирници:
– зелена салата
– домати/чери доматчиња
– рукола
– пилешко месо
– пармезан
– 2 лажици кисела павлака
– 1 мала лажичка мајонез
– 1 чешне лук
– сол
– лимонов сок
– лажица путер
– неколку кришки леб (за кубети)

Погодотвка:
1. Пилешкото месо исецкајте го на ситни парчиња во форма на стапчиња и изгрилувајте го на скара или потпечете го во рерна на мрсна хартија со малку сол и бибер
2. Земете еден длабок сад и лажица/штипалка за мешање
3. Исецкајте ја ситно салатката и додадете ја во садот
4. Исецкајте ја руколата и додадете ја во садот
5. Исецкајте ги чери доматчињата на четвртинки
6. Во друга сад измешајте ги лажицата лимонов сок со павлаката, ситно исецканото чешне лук и мајонезот
7. Исецкајте го лебот на ситни коцкички во форма на кубети и додадете во тавче во кое претходно сте го стопиле путерот и додајте ги зачините за пилешко месо и мешајте додека лебот не ги впие зачините и путерот.
8. Изрендајте пармезан врз содржината во садот, додајте ги кубетите и најгоре истурете ја содржината од мешавината на павлака и мајонез

salata so rukols
На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...