Почетна / Совети за здравје / Како да ја намалите отеченоста на нозете?

Како да ја намалите отеченоста на нозете?

Наутро вашите стапала и нозе изгледаат вообичаено, но до крајот на денот тие се многу отечени и вие едвај чекате да седнете да се одморите.

Отеченоста односно едемите, се создаваат кога во ткивото се создава течност, како последица на отежнетиот проток на крв и лимфи.

Отеченост на стапалата посебно се јавува во летниот период, кога можеби и сами забележувате  кога под влијание на сонце и жештини крвните садови и капилари се шират.

Еве неколку совети како самите да си помогнее ако ве мачи отеченоста на стапалата и нозете:

Намалете го внесувањето на сол, солта допринесува за задржување на течности.

Барем 10-15 минути дневно одмарајте, така што ќе легнете на грб и ќе ги испружите нозете нагоре.
Редовно вежбајте – тренингот ја подобрува циркулацијата.
Намалете го вишокот килограми – прекумерната тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вашите вени.

Избегнувајте долги периоди на седење – отприлика на секои два сати станете и прошетајте се малку.

Доколку симптомите не се повлечат обавезно контактирајте доктор.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...