Почетна / Совети за здравје / Како да го зајакнете имунитетот

Како да го зајакнете имунитетот

Одржувањето на здрав и силен имун систем е важно во текот на целата година, а особено е важно во есен, зима и рана пролет. Додатоците во исхраната и билните препарати веќе долго се користат за превенција и третирање на инфекции кои се јавуваат во зимските месеци. Настинките, грипот, кашлицата, болките во грлото и затнатиот носот се состојби кои можат успешно да се ублажат, да се спречат и како појави да се скратат преку правилен избор на додатоци во исхраната преку примена на лековити билки и адекватна исхрана. Во периодите на температурните промени од ладно на топло време и обратно, нашиот организам пројавува потреба за поголема грижа на нашето здравје. Ако обрнеме внимание на храната која ја конзумираме и начиниот на живот кој го имаме, нашиот имун систем го претвараме во оружје преку кое нашиот организам ќе постане “затворена зона за непријателско делување” на патогените честици. На просторот од неколку сантиметри на нашата кожа се наоѓаат повеќе од милион бактерии. Без силен имунитет микробите во нашето тело брзо се размнужуваат до неконтролирани размери. Во секоја минута од секој ден, нашиот имунитет ги држи под контрола тие микроскопски натрапници. Слабеењето на имуниот систем не прави поподложни на скоро секој вид на болести. Некои од почестите симптоми на ослабен имунитет вклучуваат умор, зачестени инфекции, воспаленија, алергиски реакции, споро заздравување на раните, хронична дијареа и инфекции кои се појавуваат како резултат на претераниот раст на некои вообичаено нормално присутни организми како кандидијаза и габични инфекции. Се проценува дека здрава возрасна особа нормално заболува од настинка или некој вид на инфекција два пати годишно. Лицата кои се соочуваат со  значајно поголем број на инфекции на годишно ниво треба подобро да се погрижат за својот имунитет.

Исхраната и имунитетот

Со оглед на тоа дека човековиот имунитет е изразито комплексен систем,  влијанието кое исхраната и негата го имаат врз организмот  се посебен предизвици и воопшто не се лесни задачи со кои е потребно да се справиме. Сепак долгогодините истражувања покажуваат докази за  делувањето на прехрамбените фактори во зајакнувањето на имунитетот. Неквалитетната исхрана нас не прави подложни на инфекции, го успорува опоравувањето и ги потенцира симптомите кои се јавуваат во дисфукнционалниот имун систем. Научниците докажале дека функционирањето на имуниот систем ослабнува со годините, а нивните истражувања покажуваат дека тој феномен во директна врска со исхраната може да се успори па и да се анулира со помош на балансирана исхрана. Внесот на енергија има значајно влијание врз активностите на имуниот систем, а докажано е дека лицата кои не се доволно ухранети полесно подлежат на инфекции од оние со адекватна телесна маса. Рестриктивните диети за слабеење, како и прекумерната телесна тежина се две работи на кои нашиот имун систем е особено сензитивен.

Клучни имунонутриенти

Многу ензими потребни за правилна фунција на имуниот систем побаруваат постоење на присутност на витамини и минерали за да би го постигнале своето оптимално делување. За правилна работа на нашиот обрамбен систем за неопходни се сметаат: цинк, железо, бакар, селен и витамините A, B6, C и E. Поголемиот дел од овие нутриенти се наоѓаат во овошјето и зеленчукот , интегралните житарици, семињата, јаткастите плодови. Потенцијалниот недостаток на овие нутриенти најлесно се спречува со конзумирање на квалитетни витаминско-минерални препарати и додатоци во исхраната. Ќелиите на имуниот систем посебно се осетливи на оксидативни оштетувања и побаруваат адекватен внес на антиоксиданси, посебно витамини C и E, каретоноиди и многу други фитохемикалии, па селенот, бакарот и цинкот кои влегуваат во состав на антиоксидативните ензисмиски системи. Рамнотежата на прооксидансите важна е за нормалното функционирање на имуниот систем како и за одржување на интегритетот  на ќелиските мембрани, протеини, DNK како и за нормална експресија на гените. Антиоксидансите најдобро се обезбедуваат со адекватен внес на овочје и зеленчук, односно барем по 5 порции од овошје и зеленчук дневно, кои се сметаат дека имаат тераписки ефекти што е малку потешко да се одржи на подолг рок.Затоа се препорачува конзумирање на додатоци кои во себе ја содржат потребната доза на витамини и минерали потребни за здрав имун систем а воедно и оргазнизам. Масните киселини се важни нутритивни фактори во одржувањето на здравиот имун систем кои често се занемаруваат. Исхраната на сиромашни omega-3 масни киселини се поврзува со хронизчни воспалителни состојби и автоимуни блести. Се смета дека за зачувување на силен имнунитет важен е поволен однос на omega-3 и omega-6 масни киселини. При тоа е потребно да се зголеми внесот на прехрамбениот извор на omega-3 масни киселини  како риба, ленено семе и јаткасти плодови, а смалениот внес на omega-6 масни киселини кои имаат потекло од месото, полномасни млечни производи и рафинирана храна. Лицата кои нередовно конзумираат храна богата со omega 3 масни киселини имаат корист од внесувањето на omega-3 масни киселини во болик на додоатоци во исхраната.

Витамин C

Апсолутната суперѕвезда помеѓу нутриентите кои го штитат имуниот систем и имаат оксидативно делување е витаминот С. Овој нутриент е промовиран од страна на познатиот нобеловец Linus Pauling во раните седумдесетти години од минатиот век. Тој бил уверен во ефикасноста на витаминот С во скратувањето на траењето на интензитетот на настинките и го поддржувал внесувањето на т.н мегадоза од овој витамин за зајакнување на имунитетот и превенција од болести.Заради неговите уверувања бил сметан за контраверзен и бил често осудуван од конвенционалната медицина. Поради неговата смелост , витаминот С има денес заслужен статус. Витамунот С во организмот игра многу важна улога, неопходен е за синтеза на колагенот, помага во функција на имуниот систем ја поттикнуваат активноста на белите крвни зрнца и го зголемуваат нивот на интерферони, даваат одговор на антителата и лачењето на хоморнот тумус. Витаминот С ја забрзува апсорпцијата на железото, а со тоа го помага формирањето на црвените крвни зрнца, а исто така ја претвора фолната киселина во незиниот активен облик.Во изминатите 30 години во пласебо контролираните студии проучувани се екфектите на додатоците во исхраната кои содржта витамин С за превенција и лечење на настинките. На пример една студија покажала дека лицата кои земале по 500 mg витамин Ц дневно имале 66% намален ризик од појава на 3 настинки во текот на петгодичен период во споредба со оние кои конзумирале по 50 mg витамин Ц  дневно во облик на додаток во исхраната. Терапискиот ефект на витаминот С се постигнува со внес на 500 mg – 1 g витамин C дневно, а најдобро е неговиот внес да се распореди на повеќе дневни внесови.

Имунитетот живее во цревата

Можеби помалку и загрижувачки звучи, но имнуниот систем е локализиран во гастринтестиналниот систем, меѓутоа ова е сосема логично кога ќе земем во обзир дека нашиот дгиестивен систем е во контакт со најразлични молекули и организми. Како сликовит пример  може да послужи фактот дека просечната личност во текот на својот живот внесува повеќе од 25 тони на храна. Храната која ја јадеме се наоѓа во интеракција со нашиот систем за варење. Во нашите црева се наоѓаат многу бактерии. Бактериите кои живеат во цревата можеме да ги поделиме на добри или корисни или лоши или патогени бактерии. Овие други групи на бактерии се наоѓаат во постојан меѓуоднос, а нивнаата рамнотежа ја одредуваат бројните функции во дигестивниот тракт и делуваат на целокупниот организам. Се смета дека поволната рамнотежа на интертестиналната микрофлора игра важна улога во развојот и одржувањето на силниот имнунолошки систем. За постигнување и одржување на поволната рамнотежа на интестиналната микрофлора важен е адекватен внес на корисни бактерии или пробиотици од храната и додатоци во исхраната.

За да го подобрите и зајакните вашиот имун систем во текот на зимските месеци, а воедно и во текот на целата година наш предлог е да се храните здраво но и да ги внесувате потребните колични на минерали и витамини кои ги содржат производите од палетата на Тримекс- Скопје поради тоа што тие не се само обични суплементи тие се природни препарати кои ви нудат здравје, виталност и енергија на дланка.

10425502_10152446343868862_8599302859173427900_n

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...