Почетна / Диети / Како да го подобрите својот метаболизам?

Како да го подобрите својот метаболизам?

Забрзувањето на метаболизмот е ”светиот грал” на слабеењето, но затоа пак колку брзо телото ги согорува калориите зависи од неколку фактори. Некои луѓе наследуваат брз метаболизам. Мажите имаат тенденција да согоруваат повеќе калории од жените па дури и кога се одмараат.

А за повеќето луѓе пак, метаболизмот се забавува по 40 тата година. Иако не е можно да се контролираат факторите како: возраста, генетиката, полот, постојат бројни начини со чија помош може да се забрза метаболизмот.

Зголемете ја својата мускулна маса

Телото постојано согорува калории, па дури и кога не правиме ништо. Кај луѓето со поголема мускулна маса метаболизмот е позабрзан затоа што за секој половина килограм мускулна маса се согоруваа 6 калории само за да се одржи таа маса, додека пак секој половина килограм маст троши само 2 калории за самоодржување дневно. За време на физичка активност, мускулите се активираат и дополнително допринесуваат за согорување на калориите.
Jumping-Jacks


Вежбајте вежби со висок интензитет

Менувајте го интензитетот на вашите вежби и за време на фитнес или аеробик применувајте поинтензивно вежбање во одредени интервали. Ова самопоттурнување допринесува до дополнително согорување на мастите. Пред да се качите на степер на пример, правете вежби со брзи скокови во вис и дланките дозволете од долу да направат спојување на д главата за време на скокот.

Пијте многу вода

Вашето тело мора да ги обработи калориите. Доколку сте и малку дехидрирани, метаболизмот може да ви забави. Пред секој оброк и закуска пијте барем по една чаша дневно.

Јадете мали закуски почесто (5 пати дневно)

Почестото јадење на мали порции може да помогне побрзо да го изгубите вишокот на килограми. Доколку имате мал оброк-закуска на секои 4 часа ќе согорите повеќе калории во текот на денот.

пиперче

Јадете луто со оброкот

Лутите пиперчиња имаат состојки кои го забрзуваат метаболизмот. На краток рок имаат минимални ефекти, но затоа пак на подолг рок лутата храна е одличен забрзувач на метаболизмот и поддршка за здравото слабеење.

Пијте кафе
Кафето е одличен диуретик. Дава енергија, издржливост и концентрација.

114345_63cfb5b1d4cc4a8abb5cb60bb3aa84ff
Јадете протеини

Протеинот дополнително помага во забрзување на процесот на согорување на енергијата.

Не држете строги диети

Доколку сте држеле строги диети и сте го ограничувале својот внес на калории во текот на денот, веројатно е дека  по завршувањето на диетата внесот на калории ќе го зголемите а со тоа наместо да го забрзате значајно ќе го забавите својот метаболизам.Избегнувајте диети со краткотрајни резултати и наместо тоа внесувајте храна богата со протеини и растителни влакна.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...