Почетна / Совети за здравје / Како да го победите високиот крвен притисок?

Како да го победите високиот крвен притисок?

Високиот притисок може да го оштети вашето здравје на долгорочен план- доведува до срцеви заболувања, откажување на бубрезите и други озбилни здравствени проблеми. Затоа, многу е важно да го држите под контрола.

Пазете на тежината

Идеалната тежина е секако основа за нормалниот притисок. Дебелината доведува до покачување на крвниот притисок. Доколку имате неколку килограми вишок, направете здрав план на исхрана и придржувајте се до него.

Припазете на внесувањето сол

Можно е да внесувате повеќе сол отколку што на организмот му е потребно. Најпаметно би било да водите дневник со исхрана. Зголеменото внесување на сол доведува и до поголемо потење, ве прави напнати и го покачува притисокот.

Вежбајте редовно

Некогаш тежината не е единствената причина за висок притисок. Може да биде од стрес, неправилен начин на живот, нездрави навики во исхраната итн. Вежбајте редовно пет дена во неделата, макар и по сопствена програма, само за да го задржите притсокот под контрола.

Избегнувајте кафе и алкохол

Понекогаш преголемото внесување на кофеин може да доведе до висок крвен притисок. Набљудувајте се и видете колку често пиете кафе, а после тоа веднаш измерете го притисокот. Ако се покачил тогаш мора да припазите на внесот на кофеин. Истото важи и за алкохолот.

Почнете со здрави навики

Здравата диета подразбира конзумирање на овошје, житарици, храна со повеќе влакна. Посетете нутриционист и поразговарајте со него за моменталните навики во исхраната, а со здрава програма на исхрана вратете се дома.

Престанете со пушење

Ако сте страстен пушач ќе мора да најдете начин да се решите од оваа лоша навика. Оставањето на цигарите ќе спречи многу здравствени проблеми, вклучувајќи го  притисокот.

Редовно проверувајте притисок

Добро би било почесто да го проверувате притисокот и да пратите вашето тело како ќе реагира на диети и вежби. Тоа ќе ви биде мотив да се придржувате до здравите навики во иднина.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...