Почетна / Рецепти / Како да добиете природни бои за вапцување на јајца

Како да добиете природни бои за вапцување на јајца

Еве совети како на природен начин да ги добиете посакуваните бои за јајца.
процесот вклучува користење на природни намирници кои ги имате во ваата кујна, а кајниот резултат е големо чувство на задоволство.

Розеви јајца

Состојки:

  • 4 големи цвекла ситни исецкани
  • 2 лажици бела киселина
  • 1 лажица сол
  • 1 /4 l вода

Насоки за подготовка: 

  1. Комбинирајте ги состојките и доведете ги до зовривање
  2. Нека се варат 30 минути. Низ целдалка процедете ја водата
  3. Во тенџере со процедената вода оставете да зовријат неколку јаца. Гответе околу 12 минути.
  4. Оставете ги да постојат во водата дополнителни  20 минути без користење на топлина. Промешувајте ги повремено со цел да добиете рамномерна боја.

    Жолти јајца

    • 4 лажици куркума во прав
    • 2 лажици киселина
    • 1 лажица сол
    • 1 /4 l вода

    Подготовка:

    1. Комбинирајте ги водата, киселината, солта и нека зовријат непокриени. Варете околу 30 минути.
    2. Откако ќе се олади водата оставете ги внатре претходно сварените јајца. Преку ноќ ќе добијат вибрантна боја и изглед.


      Сини јајца 

    Подготовка

    • 4 шољи исецкана црвена зелка
    • 2 лажици бела киселина
    • 1 лажица сол
    • вода

    Откако ќе изврие водата оставете да излади, и потопете ги претходно тврдо сварените јајца да остојат во течноста неколку часа или преку ноќ.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...