Почетна / Совети за здравје / КАКАО – најдобар извор на антиоксиданси

КАКАО – најдобар извор на антиоксиданси

Дали знаевте дека какао освен што се наоѓа во чоколадото и се користи за правење на различни десерти кои ги задоволуваат нашите потреби за благо може да биде корисно за нашето здравје?

Суровото зрно на какао е најдобар извор на антиоксиданси бидејќи содржи 14 пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и 21 пат повеќе од зелениот чај.

Какаото ги обновува крвните жили и ја одржува нивната функција и на тој начин позитивно влијае на здравјето на крвните жили. Личностите кои два пати дневно пијат какао со високо ниво на флаваноли во период од 30 дена значително го намалуваат систоличкиот крвен притисок кои е еден од главните виновници на инфаркт и срцеви заболувања. На овој начин ќе ја подобрите и функцијата на крвните жили. Какаото исто така може да ги обнови оштетувањата на крвните жили.
Со помош на какаото можете да се решите од мигрената. Какаото ги спречува активностите на протеините кои се заслужни за настанување на воспалителните одговори кои се причинители на мигрената.
Кога ќе го почувствувате уморот и падот на концентрацијата испијте една шолја какао. Флаванолите, билните хемикалии кои се наоѓаат во какаото и темното чоколадо одличен се избор со помош на кој ќе се решиме од уморот, падот на концентрација и ќе ни се врати бистрината. Направете чудо во краток временски период!
Какаото може да има ист ефект како и аспиринот во превенцијата на инфарктот. И поради тоа заборавете го млечното чоколадо или белото чоколадо и купувајте само оно најтемно.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...