Почетна / Фитнес и аеробик / Каде грешите кога трчате?

Каде грешите кога трчате?

Ако сега почнавте да трчате, или ако имате веќе неколку сериозни маратони зад себе, постојат причини поради кои Ви се чини како никако не можете да ги затегнете нозете. Погледнете ја ова листа на грешки за кои е можно да Ве стопираат во намерата да имате убави нозе до летото.

Не ја менувајте рутата

Доколку секогаш трчате по истиот пат, брзо ќе ви стане здодевно трчањето. Доколку секогаш ја изберете различната патека за трчање, многу подолго ќе издржите на нозе!

Се хранете како што не треба

Не треба да трчате кога сте гладни, но исто така со полн стомак. Јадете два, три часа пред да одете на трчање или половина час пред тренинг изедете некоја лесен оброк кој е полн со протеини.

Не се загревате

Доколку не правете вежби за загревање пред трчањето, можете сериозно да се повредите. Загревајте го целото тело, џогирајте неколку минути, а потоа почнете со сериозен тренинг.

Не се опуштате

По тренингот исклучително е важно да се истегнете и релаксирате. Дадете му можност на Вашите мускули да се опорават.

Трчате во погрешна опрема

Доколку сте едни од оние кои тврдат да додека вежбате не Ви е битно со која опрема вежбате, грешите. Мора да имате патики со мек ѓон и гардероба која ќе Ви овозможи да имате слобода во движењето, а при тоа премногу да не се потите.

Се форсирате

Добро е да си поставувате високи цели, но доколку се префорсирате секој пат кога ќе одите на трчање, тоа нема да биде добро. Можете сериозно да се повредите или толку да се изморите и да добиете воспаление на мускулите да наредните неколку дена нема да можете да станете од креветот.

Не сте константни

Малку по малку, секој пат се побрзо и се подолго трчате. И токму во тоа е поентата. Но доколку трчате сега, па за две недели, па за месец дена, никогаш нема да бидете во прилика да го постигнете посакуваниот резултат.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...