Почетна / Здравје и исхрана / Јогурт – формула за здрав и долг живот

Јогурт – формула за здрав и долг живот

Јогурт, вкусен и користен напитик, на многу луѓе е задолжителен состојка на секој утрински појадок.

На пазарот постојат многу видови на јогурт, со висока или ниска содржина на маснотии, калциум. Јогурт е вистинска мала ризница на протеини, минерали и витамини. Тој е одличен извор на калциум, кој е важен за раст, развој и одржување ка коските во секој животен период на човекот, посебно кај деца и адолесценти. Има важна улога во превенција на остеопороза.

Јогурт содржи живи јогуртни култури кои помагаат во одржувањето на осетливата рамнотежа на цревната микрофлора. Јогурт кој содржи идеална формула на коензим Q 10 и L- карнитин играат а важна улога во согорувањето на мастите бидејќи го стимулираат метаболизам на долгите синџири на масните киселини и ја зголемува трансформацијата на мастите, како и изградба на мускулната маса.

Јогурт како замена за млеко – секојдневниот храна треба да биде разновидна. На трпезата би требало да се најде интегрални житарки, овошје и зеленчук, млеко и млечните производи, јогурт, пилешко месо, месо од мисирка и риба, нерафинирани масла. Нутриционистите објаснуваат, дека јогурт е одлична замена за млеко, кои многу луѓе не го поднесуваат, а исто така е идеален за оние кои сакаат да ослабат. Па поради тоа и требало јогуртот да биде секојдневно на трпезата. Менувањето на начинот на исхраната е основ за лекувањето на голем број на нарушувањето на здравјето и подобрување на физичкиот изглед.

Старата поговорка кажува – кој и да е татко на болеста, неправилната исхрана е и е мајка. Умерено, разновидно и доволно – тоа е рецепт доколку сакаме да бидеме здрави и во форма. Кога кажеме диета, мислиме на рестрикција во исхраната, но диета не значи гладување. Тоа е начин на кој јадеме, како го распоредуваме појадоците во текот на денот, која врста на храна избираме, начин на кој ја подготвуваме и во колкаво количество н храна внесуваме. За да се постигни вистинскиот ефект на диетата и за да се постигни рамнотежа во метаболизмот, потребно е да менувањето на начинот на исхрана биде адекватно испланирана по препорака на доктор и да временски трае четири ди шест месеци, но тоа не значи да се по тој период можете да се вратите на старите навики.

Млеко за долг живот

Јогурт е извор на калциум, кој е неопходен за правилен развој на коските, што е важно за деца, но и за постари лица, затоа што доволно количество на калциум во коските ќе го стопираат настанувањето на остеопороза, болест која ја погодува секоја трета жена и секој осмиот маж. Јогурт содржи и витамин Д, кој е неопходен за апсорпција на калциум, како и млечната киселина, која исто така овозможува да се калциум апсорбира. Јогурт исто така содржи многу белковини од животинско потекло како и некои минерали и витамини.

Доколку водите сметка за својата тежина или имате проблем со вишок на маснотии во крвта, можете да се определите за јогурт со помалку маснотии. Уз сето тоа, јогурт му помага на жените бидејќи овозможува пожелна киселост во интимната регија, и така делува најпрво против габичните инфекции. Производство и употреба на јогурт почна пред повеќе од илјада години во Средниот исток, во Централна Азија и во поедини делови на Далечниот Исток. За позитивниот ефект на јогуртот на човечкиот организам и за неговото лаксативно делување, пишуваа старогрчки лекари Херодот и чуениот Гален. Во Дамаск во средниот век се појавува книга која јогуртот, поради терапевтското својство го крева на врвот како најздрава храна. Во 16. Век еден Ерменски доктор со помош на јогурт го излечил тогашниот Француски крал од меланхолија и проблеми со пробавата. Французите јогуртот го нарекуваат – млеко на вечниот живот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...