Почетна / Совети за здравје / Јогата може да го подобри помнењето

Јогата може да го подобри помнењето

Со новите истражувања на американските научници откриено е дека телесните вежби а посебно јогата може да го подобри помнењето. За превенција на пореметување на помнењето, како што е Алцхајмер, научниците откриле дека е најдобро секојдневно да се практикува јога и да се спие најмалку 7 часа.      

Таква комбинација ќе го заштити Вашиот мозок, ќе го подобри краткорочното помнење и ќе го спречи настанување на пореметување на помнењето во подоцнежниот животот. Во истражувањето кое објавено во Journals of Gerontology, научниците ги анализирале когнитивните способности, како што се планирање, решавање на проблемите и мултитаскингот. Во истражувањето присуствувале 2 групи на луѓе на возраст од 55 години.

Една група требало да практикува јога 3 пати неделно по 60 минути, а втората група требало да работи вежби за сила и истегнување, исто така 3 пати во неделата по 60 минути. Резултатот од истражувањето покажал дека групата која ја практикувала јогата, по 8 недели подобро ги решавала тестовите за когнитивните способности, додека втората група не покажала никаков напредок.
Научниците истакнуваат дека не им е потполно јасно на кој точно начин јогата ги подобрува когнитивните способности, но веруваат дека за тоа е заслужен благотворниот ефект на јогата врз умот и телото. Јога е позната по тоа дека го усогласува работењето на умот и телото, го намалува нивото на хормоните кои се задолжени за стрес и ја подобрува флексибилноста. Во текот на јогата сте фокусирани само на дишењето и положбата на телото, додека во текот на некоја друга физичка активност Вашето внимание може да биде полесно попречено.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...